Грабар-Китаровиќ патува на фудбал во Русија со комерцијален лет и без дневници


Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ утре ќе отпатува во Сочи каде што ќе го следи четврфиналниот меч од Светското првенство во фудбал меѓу Русија и Хрватска (сабота, 20 часот). Таа вели дека ќе мора да се појави во ВИП-ложата на стадионот, иако повеќе би сакала да биде обичен навивач.ж

„Сепак, би било навредливо кон домаќинот доколку не го сторам тоа. Ќе морам да ги почитувам правилата на однесување и облекување“, вели Китаровиќ, која го следеше и мечот од осминафиналето против Данска.

На утрешниот меч нема да присуствува нејзиниот руски колега, Владимир Путин, но хрватската претседателка ќе се сретне со премиерот Дмитри Медведев.

„Нема да патувам со државниот авион, туку со комерцијална линија. И во Ирска и во Италија патував на ист начин. Тоа го смалува трошоците. Целиот пат ќе ќини 40.000 кину (околу 5.500 евра), бидејќи сите членови на делегацијата се откажаа од дневници“, потенцира хрватската претседателка, напоменувајќи оти е уверена во победа на „коцкестите“.