Бобо Виери: Серија А со Роналдо ќе добие џекпот


Легендарниот италијански напаѓач, Кристијан Виери го поздрави евентуалниот трансфер на Кристијано Роналдо во Јувентус. Според поранешниот фудбалер на Интер, Милан и Јуве, Роналдо ќе го зголеми значително нивото на Серија А, а италијанското првенство ќе привлече сериозен за гледање интерес. – Кристијано во Јуве? Италијанскиот фудбал ќе добие џекпот. За Серија А се зборува малку, […]

СП 2018: Победите на Англија носат пари за локалната економија


Силното претставување на Англија и пласманот во четвртфиналето на Светското првенство во фудбал се одразува исклучително поволно на локалната економија, се наведува во студијата на Центарот за истражување на малопродажбата. Според професор Џошуа Бамфилд, раководител на Институтот, досега англиските приврзаници на фудбалот потрошиле над 800 милиони фунти повеќе во однос на учеството на тимот на […]

Јувентус ќе го промовира Роналдо на 7 јули


Во Торино веќе се подготвуваат за прославата за договорот на векот. Италијанските медиуми го објавија датумот на кој Кристијано Роналдо ќе биде официјално претставен на „Алијанц“ стадионот. Денот е 7 јули, а тогаш се очекува Роналдо да пристигне во Торино, тврди „Спорт Медијасет“. Преселбата на Кристијано во Јувентус е прашање на часови. Ова, пак, го […]

СП 2018: Уругвај без Кавани против Франција


Еден од најдобрите фудбалери на репрезентацијата на Уругвај, Едисон Кавани, нема да настапи на натпреварот од четвртфиналето против Франција на Светското првенство во Русија. Кавани ги постигна два гола против Португалија во осминафиналето, но поради повреда предвреме го заврши натпреварот. Уругвајската репрезентација соопшти дека фудбалерот нема скинат мускул на листот на десната нога, туку само […]

Реал демантира дека Мбапе доаѓа во Мадрид


Реал Мадрид денеска ги дементираша тврдењата на повеќе медиуми дека раководството на актуелниот европски шампион постигнало договор со Пари Сен Жермен за купување на младиот напаѓач Килијан Мбапе. Информацијата прво ја пренесоа француските медиуми, при што беше наведено дека Реал за трансферот ќе плати 272 милиони евра. Но, клубот од Мадрид ја демантираше веста, а претходно […]

Депај ќе биде казнет поради отсуство од тренинг


Тренерот на Олимпик Лион, Бруно Женесио, потврди дека холандскиот фудбалер Мемфис Депај ќе биде казнет бидејќи не се појави на тренингот на почетокот од подготовките. Лион веќе ги започна подготовките за новата сезона, а Депај не дојде на прозивката и тренингот. – Драго ми е што повторно се собравме. Од 27 играчи не дојде само […]

Марадона судијата на натпреварот Колумбија – Англија го нарече крадец


Легендарниот Аргентинец Диего Марадона го критикуваше американскиот судија на натпреварот од осминафиналето на Светското првенство 2018 помеѓу екипите на Колумбија и Англија. Според него, Марк Гејгер придонел за пласманот на Британците во четвртфиналето со нефер одлуки. -Кога првпат се сретнав со претседателот на ФИФА Џани Инфантино, ми се чинеше дека во оваа организација се ќе […]

(Видео) Англија победи на пенали и се пласира во четвртфиналето


Англија успеа да ја победи Колумбија. По подоброто изведување на пенали се пласира меѓу осумте најдобри на Светското првенство во Русија. Англичаните на пенали ја совладаа Колумбија со 4:3 откако по два часа фудбал мечот заврши без победник 1-1.  

Барселона отфрлила четири понуди за Андре Гомеш


Барселона отфрлила четири понуди за играчот од средниот ред Андре Гомеш, објавија медиумите во Шпанија. Според „Ел Мундо Депортиво“ поранешниот фудбалер на Валенсија е силно посакуван како од неговиот екс-клуб, така и од Тотенхем, Лацио и Јувентус. Весникот, исто така, пишува дека сите четири клубови направиле конкретни предлози за него, но никој од нив не […]

СП 2018: Селекторот на Шведска: Задоволен сум од тактичката дисциплина на моите играчи


Селекторот на Шведска, Јане Андерсон не ја криеше радоста од победата против тимот на Швајцарија во осминафиналето на СП во Русија. Скандинавците победија со 1: 0 и се пласираа во следната фаза на турнирот, каде ќе се сретнат со победникот од дуелот помеѓу Англија и Колумбија. – Бевме трпеливи и го постигнавме своето. Јас сум […]

СП 2018: Шведска во четвртфинале по триумфот над Швајцарија


Шведска се пласираше во четвртфинале на Светско првенство првпат од 1994 година откако победи со 1:0 против Швајцарија на „Санкт Петерсбург Арена“ во еден од најслабите натпревари од првиот круг на директните елиминации на Мундијалот 2018. Сепак успехот на Швеѓаните беше заслужен, откако организираа поопасни напади во натпреварот, но и многу вешто одиграа во одбрана. […]

Таткото на Оби Микел бил киднапиран четири часа пред мечот Нигерија – Аргентина


Таткото на нигерискиот репрезентативец Џон Оби Микел бил киднапиран непосредно пред почетокот на натпреварот на африканскиот тим и Аргентина во рамките на третиот круг од групната фаза на Светското првенство во Русија. Капитенот на Нигерија со тоа на ум го одигра натпреварот против „гаучосите“, а неговиот можеше да се пласира во следната рунда при реми […]

Челзи одби 50 милиони фунти од Барса за Вилијан


Раководството на Челзи отфрли понуда од 50 милиони фунти од Барселона за бразилскиот репрезентативец Вилијан, тврди „Скај спортс“. Сепак, преговорите помеѓу двата клуба и претставниците на играчите продолжуваат. Од „Камп Ноу“ почнале да работат на овој трансфер пред три месеци, пренесува „Скај“. Манчестер Јунајтед се уште пројавува интерес за него. Во минатата кампања, Вилијан забележа […]

Лестер прифати 80 милиони евра, Марез конечно оди во Сити


Алжирскиот фудбалер Ријад Марез конечно ќе го напушти Лестер и ќе го засили Манчестер Сити за 80 милиони евра, објави „Скај Спортс“. Како што се наведува, Лестер ја прифати понудата од 20 милиони повеќе од онаа на која беше одбиена зимата и поради што Марез одбиваше да тренира. Алжирецот заедно со Џејми Варди се најзаслужните […]

Руска водителка ќе се соблече гола ако „зборнаја“ ја победи Хрватска


Марија Лиман (24), руска водителка и менекенка, секој пат кога Русија ќе победи на Светското првенство во фудбал, соблекува по некој дел од гардеробата. По воведната победа против Саудиска Арабија, таа во долна облека ја водеше радиската емисија. Сега подготвува нешто опасно: доколку Русија ја победи Хрватска во четврфиналето од Мундијалот, ќе се соблече целосно. […]

Јапонците изгубија, ама го исчистија ѓубрето


Јапонските фудбалски репрезентативци и нивните фанови му одржаа лекција на светот како треба да се грижи за чистотата на околината. По завршувањето на мечот со Белгија и нивната несреќна елиминација од Светското првенство во Русија во последните минути на мечот, фудбалерите ја светнаа соблекувалната и на домаќините им оставија порака за благодарност напишана на кирилица. […]

Американската и руската амбасада во Загреб се скараа за фудбал


Пласманот на хрватската фудбалска репрезентација во четврфиналето од Светското првенство, каде што за противник ја чека Русија, предизвика препирка меѓу американската и руската амбасада во Загреб. „Претпоставувам сите знаете за кого ќе навивам“, напиша на „твитер“, американскиот амбасадор Роберт Кохорст, илустрирајќи го статусот со знамињата на Хрватска и на Русија. По кратко вреем, стигна одговор. […]

СП 2018: Белгија ја победи Јапонија и се пласира во четвртфиналето


Белгија ја победи Јапонија со 3-2  и се пласираше во четвртфиналето од Светското првенство. Јапонија претходно водеше со 2-0. Белгијците успеаја да израмнат и со голот на Чадли во 94. минута ја победија Jапонија. Сите пет погодоци беа постигнати во второто полувреме. Белгија во четвртфиналето ќе игра против Бразил, кој убедливо го победи Мексико со […]

Рома ќе го донесе Јан Зимер, ако замине Алисон Бекер


За голманот на Рома и на бразилската репрезентација, Алисон Бекер, се почесто се слушаат гласини за негов трансфер, па затоа клубот од Рим разви стратегија во случај Бразилецот да одлучи да си замине. По одличните одбрани на  Бекер за него интерес пројавија Ливерпул, Реал Мадрид и Челзи, а Рома веќе тргна во потрага за евентуална […]

СП 2018: Шукер: Фаворитите беа елиминирани поради заморот кај играчите


Претседателот на Фудбалската федерација на Хрватска, Давор Шукер, кој воедно беше и најдобар стрелец на Светското првенство во Франција во 1998 година, смета дека една од причините за раната елиминација на фаворитите на Мундијалот во Русија е заморот кај играчите. Првиот шок на ова Светско првенство беше испаѓањето на Германија, потоа на Аргентина, а последнo […]