Бобо Виери: Серија А со Роналдо ќе добие џекпот


Легендарниот италијански напаѓач, Кристијан Виери го поздрави евентуалниот трансфер на Кристијано Роналдо во Јувентус.
Според поранешниот фудбалер на Интер, Милан и Јуве, Роналдо ќе го зголеми значително нивото на Серија А, а италијанското првенство ќе привлече сериозен за гледање интерес.
– Кристијано во Јуве? Италијанскиот фудбал ќе добие џекпот. За Серија А се зборува малку, бидејќи не играат феномени, како едно време. Роналдо ќе промени се. Дури јас би го гледал почесто шампионатот. Секоја недела светот ќе се прашува што направил Јувентус и колку гола постигнал Кристијано, вели Бобо Виери.