СП 2018: Белгија ја победи Јапонија и се пласира во четвртфиналето


Белгија ја победи Јапонија со 3-2  и се пласираше во четвртфиналето од Светското првенство.

Јапонија претходно водеше со 2-0. Белгијците успеаја да израмнат и со голот на Чадли во 94. минута ја победија Jапонија.

Сите пет погодоци беа постигнати во второто полувреме.

Белгија во четвртфиналето ќе игра против Бразил, кој убедливо го победи Мексико со 2-0.