Реал демантира дека Мбапе доаѓа во Мадрид


Реал Мадрид денеска ги дементираша тврдењата на повеќе медиуми дека раководството на актуелниот европски шампион постигнало договор со Пари Сен Жермен за купување на младиот напаѓач Килијан Мбапе.

Информацијата прво ја пренесоа француските медиуми, при што беше наведено дека Реал за трансферот ќе плати 272 милиони евра.

Но, клубот од Мадрид ја демантираше веста, а претходно ги отфрли и гласините за доаѓањето на Нејмар во неговите редови.

– Реал Мадрид не достави никаква понуда до ПСЖ или до играчот. Жалиме поради ширењето на ваквите информации, стои во кусото соопштение од шпанскиот клуб.

Во изминатиот период зачестија гласините во шпанските медиуми дека Кристијано Роналдо кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.