Јапонците изгубија, ама го исчистија ѓубрето


Јапонските фудбалски репрезентативци и нивните фанови му одржаа лекција на светот како треба да се грижи за чистотата на околината.

По завршувањето на мечот со Белгија и нивната несреќна елиминација од Светското првенство во Русија во последните минути на мечот, фудбалерите ја светнаа соблекувалната и на домаќините им оставија порака за благодарност напишана на кирилица.

Истовремено, нивните фанови, иако со солзи во очите, го исчистија сето ѓубре од стадионот во Ростов. Истото го направија и по мечот со Колумбија.