Руска водителка ќе се соблече гола ако „зборнаја“ ја победи Хрватска


Марија Лиман (24), руска водителка и менекенка, секој пат кога Русија ќе победи на Светското првенство во фудбал, соблекува по некој дел од гардеробата. По воведната победа против Саудиска Арабија, таа во долна облека ја водеше радиската емисија. Сега подготвува нешто опасно: доколку Русија ја победи Хрватска во четврфиналето од Мундијалот, ќе се соблече целосно. Натпреварот се игра во сабота од 20 часот, а Хрватите се молат и во недела наутро да ја видат облечена, макар и до грло.