Буфон: Сакам да докажам дека се уште сум одличен голман


Новото засилување на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Буфон денеска беше официјално претставен на прес-конференција на која 40-годишниот италијански првтпат гоовoреше како играч на францускиот тим.

– Внатре во мене почувствував дека имам што уште да дадам. Оваа нова авантура може да ми помогне да пораснам како личност и како играч. Лигата на Шампионите не е опсесија за мене, изјави поранешниот голман на Јувентус.

Тој изрази голема радост што е во Париз, додавајќи дека е подготвен да ги исполни своите амбиции.

– Стигнав во Париз со ентузијазам на дете. Мислам дека ПСЖ е клубот кој го следам најмногу одблизу во последните години. Бев љубопитен да видам што ќе понудат. Сега е време за да се исполнат големите амбиции, рече Џиџи.

Во однос на својата улога во тимот, легендата на „азурите“ вели дека секој сака да игра важна улога во тимот.

– Ќе дадам се од себе, за тимот да победува. Сакам да докажам дека сум уште одличен голман. Отсекогаш барав предизвици. Денеска првпат тренирав во Париз. Ми беше убаво да слушнам нов јазик на тренингот. Очекувам одлични моменти во оваа нова средина за мене, изјаву Буфон.