Рамос, Азар и Модриќ гласаа за Зидан, Бејл не, во изборот за тренер на годината

Познато е како гласаа фудбалерите на Реал Мадрид во изборот на ФИФА за најдобар тренер за 2020 година.

Капитенот на Реал и на шпанската фудбалска репрезентација, Серхио Рамос и играчот за врска и предводник на Белгија, Еден Азар го ставија Зинедин Зидан на првото место, додека играчот за врска на Реал и капитен на Хрватска, Лука Модриќ, го смести Зидан на второто место, по Ханс-Дитер Флик од Баерн Минхен.

Капитенот на Велс и член на „кралскиот клуб“ кој во моментов е позајмен во Тотенхем, Герет Бејл, не го наведе Зидан во најдобрите тројца. Велшанецот, кој не добиваше доволно минутажа од  Французинот, своите гласови ги даде на Флик, Јирген Клоп (Ливерпул) и Хулен Лопетеги (Севиља).

Зидан не се пласираше помеѓу најдобри тројца во номинацијата за тренер на годината.