Форбс: Федерер е спортистот со најголема заработувачка во 2020


САД– Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се најде на третото место на листата на славни личности со најголема заработка за 2020 година, според магазинот Форбс.

20-кратниот освојувач на Грен Слем трофеи заработил 106,3 милиони долари оваа година и остана само зад претприемачката Кајли Џенер (590 милиони долари) и музичарот Канје Вест (170 милиони долари).

Интересно е што Фередер имаше поголема заработка од првите ѕвезди на светската фудбалска сцена, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои заработија 105, односно 104 милиони долари.

Во ТОП 10 се најдоа и бразилскиот фудбалер Нејмар и американскиот кошаркар Леброн Џeјмс, кои заработија 95,5 милиони, односно 88,2 милиони долари.