Светскиот првак во скијачки скокови Гајгер позитивен на Ковид-19


Германија – Светскиот првак во скијачки скокови, Германецот Карл Гајгер, е заразен со коронавирус, но нема симптоми и се наоѓа во самоизолација во својот дом, соопшти денеска Германската скијачка федерација.

Гајгер минатиот викенд во драматична завршница на Планица ја освои титулата светски првак, а на почетокот на оваа недела бил позитивен на Ковид-19. Резултатите од тестирањата за коронавирус на неговите колеги од репрезентацијата и стручниот штаб биле негативни.

Поради коронавирусот Гајгер ќе го пропушти натпреварувањето во швајцарскиот Енгелберг на 19 и 20 декември, а неизвесен е и неговиот настап на новогодишната турнеја Четири скокалници, што започнува на 29 овој месец во Оберсдорф.