УЕФА ги избра судиите за ЕУРО2024


УЕФА денеска ги одреди судиите за претстојното Европското фудбалско првенство во Германија кое започнува за помалку од два месеци. На листата на УЕФА се најдоа 16 европски судии, како и аргентински судиски тим предводен од Аргентинецот Факундо Тељо. Делегирани судии за Европското фудбалско првенство во Германија: Артур Соареш Диас (Португалија) Хесус Гил Манцано (Шпанија) Марко […]

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1


 Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1, изјави тајландскиот премиер Срета Тависин, кој денеска оствари средба со шефот на Ф1, Стефано Доменикали. „Тајланд има капацитет да биде домаќин на Формула 1 во Бангкок“, напиша шефот на владата на социјалната мреќа Икс, по разговорите во Бангкок. „Ако го направиме тоа, сигурен сум дека […]

Руски „Гаспром“ ќе биде спонзор на унгарски Ференцварош


 Руската енергетска компанија „Гаспром“ ќе стане спонзор на најуспешниот унгарски фудбалски тим Ференцварош, пренесуваат денеска медиумите во Будимпешта. Според најтиражниот унгарски спортски весник „Немзети спорт“, преговорите напреднале до тој степен што нацрт-договорот е веќе готов и има шанса соработката да биде официјализирана во следните недели. Без да го коментира евентуалниот влез на „Гаспром“ во Ференцварош. […]

Ѓоковиќ по петти пат прогласен за најдобар спортист на светот – ја освои наградата „Лареус“


Мадрид – Шпанската фудбалерка Аитана Бонмати и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се добитници на наградата Лауреус, таканаречените Оскари за најдобра спортистка и спортист во 2023 година. Минатата година Бонмати беше избрана за најдобар играч во изборот на ФИФА, а беше прогласена и за најкорисен играч (МВП) на Светското првенство на кое Шпанија ја освои шампионската титула. […]

Три години затвор за германски навивач поради фрлање петарда


 Навивач на германскиот фудбалски прволигаш Хофенхајм, кој фрли пиротехничко средство на бундеслигашкиот натпревар против Аугсбург минатата есен, е осуден денеска на затворска казна од три години, јавија агенцијата ДПА. Во инцидентот кој 28-годишниот навивач го предизвика на 11 ноември лани, фрлајќи петарда од трибината со гостински навивачи, беа повредени 14 лица, меѓу кои пет деца. […]

Индиец има шанса да стане најмладиот шаховски светски шампион


Индиецот Домараџу Гукеш (17) го шокираше шаховскиот свет и доби шанса да се бори за титулата светски шампион. Шахистот од Ченаи и покрај сите очекувања освои 9 бода и беше најдобар по 14 кола на „Турнирот на кандидати“ што се одржа во Торонто, а шанса да игра за титулата светски првак ќе добие против Кинезот […]

Модриќ: На чекор сме до титулата


Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ, кој го предводеше Реал Мадрид со капитенската лента на раката во неделата вечер во триумфот над Барселона со 3-2, изјави дека на неговиот тим му преостанува уште „многу малку“ за да го освои шпанското првенство. „Оваа победа не донесе поблиску до освојување на шампионската титула. Ние сме таму каде што сакавме […]

Голема студија откри како гледањето спорт влијае на среќата и мозокот


Гледањето спортски натпревари го зголемува искуството на благосостојба, ги активира местата во мозокот одговорни за наградување, па дури и ја зголемува густината на сивата материја во овие делови од мозокот на долг рок, според новата, мултиметодолошка студија. Гледањето спорт оди подалеку од забава За многу луѓе, спортот е извор на возбуда, задоволство и релаксација, а […]

Спасеновски од „Макпетрол“ меѓу осумте најдобри на светската карате-лига во Каиро


Членот на скопски „Макпетрол“, Петар Спасеновски, се пласира меѓу осумте најдобри спортисти на турнирот од Светската карате-лига во Каиро. На силниот меѓународен собир во Египет, тој го освои првото место во групата со три убедливи победи во елиминацискиот дел. Спасеновски во четвртфиналето загуби од Украинецот Валери Соникин (1-4). Со овој резултат каратистот на „Макпетрол“ се […]

Од Акропол, преку Атина кон централна Грција – олимпискиот оган го продолжува патувањето до Париз


Атина – Од Санторини на Акропол, од Акропол низ атинските улици, преку Министерството за одбрана, Грчкиот олимписки комитет и Олимпискиот стадион – олимпискиот оган откако во вторникот беше запален во античка Олимпија го продолжува штафетното патување низ Грција, за во петок и официјално да им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“, јави дописничката на […]

Бугарски тениски судија доживотно суспендиран


Лондон – Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов е доживотен суспендиран поради 21 прекршување на тениската антикорупциска програма, соопшти денеска Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА). Атанасов првично ги отфрли обвинувањата пред да ја повлече жалбата пред сослушувањето. Атанасов е казнет и со 10.000 долари. Тој се изјасни за виновен за бројни прекршувања на тениската антикорупциска […]

Олимписките организации против парични награди за злато во Париз


 Олимписките спортски организации денеска ја критикуваа Светската атлетика, која на спортистите им вети парична награда во износ од 50.000 долари за секој освоен златен медал на Игрите ова лето во Париз. Одлуката на Светската атлетика и нејзиниот претседател Себастијан Коу се коси со традицијата, бидејќи Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) не им исплатува награди на спортистите, […]

Валенсија домаќин на атлетското ЕП 2027 во сала


Шпанскиот град Валенсија е избран за домаќин на Европското првенство во атлетика во сала во 2027 година. Одлуката денеска ја донесе Управниот одбор на Европската атлетика на 173. седница одржана во Рим. Валенсија по втор пат е избрана за домаќин на ова натпреварување, кое го организираше и во 1998 година. Десет години потоа, Валенсија беше […]

Баерн и Зидан се блиску до договор?


Прославениот француски репрезентативец Зинедин Зидан би можел наскоро да се врати на тренерската клупа како предводник на германскиот гигант Баерн Минхен, пренесуваат денеска шпанските медиуми. Според весникот „Мундо Депортиво“, зделката сè уште не е официјално склучена бидејќи францускиот тренер бара од баварскиот клуб да му вети засилувања за следната сезона, особено во дефанзивниот дел на […]

Мбапе заминува од ПСЖ за четири пати помала плата


Килијан Мбапе ја заврши мисијата во Пари Сен Жермен и прашање на време е кога ќе замине во Мадрид, во тоа нема веќе дилеми, барем според Фабрицио Романо, новинар кој е најпознат за фудбалските трансфери. – Килијан Мбапе е презадоволен од сите разговори што ги има со Реал. Се верува дека е само прашање на […]

УЕФА ја казни Барселона


Европската фудбалска централа (УЕФА) ја казни Барселона поради расистичките испади на нејзините навивачи во Париз за време на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против ПСЖ, објави УЕФА на својата веб-страница. Покрај расизмот, Барселона е казнета и за палење ракети и оштетување на стадионот од страна на своите навивачи. Шпанскиот клуб е казнет со вкупно […]

Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот


 Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел искажа голем респект кон Реал Мадрид, противникот на Баварците во полуфиналето на фудбалската Лига на шампиони.  – Се надевам дека неколку играчи ќе ни се вратат назад во тимот, ќе имаме алтернативни опции и полна клупа. Во однос на тимскиот напор, подготвени се сите да се жртвуваат и заедно […]

Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ, Реал го освојуваше трофејот во претходните два наврата


Манчестер – Карло Анчелоти е првиот тренер кој три пати го исфрли Пеп Гвардиола од Лигата на шампионите. Реал Мадрид под водство на Италијанецот синоќа го победи Манчестер сити на пенали во четвртфиналето на елитното фудбалско натпреварување. Претходно Реал предводен од Анчелоти го исфрли Гвардиола од полуфиналето во 2022 година, како и од полуфиналето во 2014 […]

Баерн се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите


Фудбалерите на Баерн Минхен се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите откако на домашен терен го совладаа Арсенал. По 2:2 во Лондон, германскиот тим се претстави многу подобро во реваншот и благодарение на голот на Џошуа Кимих обезбеди пласман во финалето на натпреварувањето, каде во следната рунда ќе се соочи со победникот од мечот […]

Роналдо го доби Јувентус на суд – треба да му платат 19,5 милиони евра


Кристијано Роналдо го доби случајот против Јувентус за неисплатени плати во износ од 19,5 милиони евра, објави „Газета дело спорт“. По даноците, пак, напаѓачот ќе добие само 9,77 милиони евра. Пандемијата на коронавирус која избувна во пролетта 2020 година донесе проблеми за италијанскиот гигант. Поради финансиските проблеми кои следеа, клубот се договори со своите играчи […]