Барселона има нов тренер


Германскиот тренер Ханси Флик ја презема Барселона, пишува шпанскиот спортски весник As.

Поранешниот тренер на Баерн и до неодамна селектор на Германија, Флик, имаше интервју со спортскиот директор на Барселона Дек и членот на спортската комисија Бојан Кркиќ. На тој состанок се договориле Флик да биде тренер на Барселона во следните две сезони, тврди Ас.

Раководството на Барселона одлучи дека нема да ја продолжи соработката со Чави, кој сезоната ја заврши на второто место во првенството, но минатата сезона беше шампион на Шпанија. На членовите на УО им остана само да се договорат со Чави за раскин на договорот и исплата на обештетувањето.

Флик (59) како главен тренер го предводеше Баерн на 86 натпревари, а претходно беше помошник тренер. Со Баерн ја освои Лигата на шампионите и две шампионски титули на Германија. Потоа следеше селекторската функција во репрезентацијата, која ја водеше на 25 натпревари, од август 2021 до септември 2023 година. Флик разочара на последното Светско првенство бидејќи беше елиминиран во групата.