Ѓоковиќ елиминиран во Индијан Велс од Нарди, 123. на АТП листата


Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во четвртото коло на турнирот во Индијан Велс (САД). Србинот ноќеска во третото коло загуби од Италијанецот Лука Нарди во три сета – 4:6, 6:3, 3:6. Противник на Нарди кој е 123 на светското рангирање, во четвртото коло на турнирот ќе биде Американецот Томи […]

Македонските ракометари ги почнаа подготовките за дуелите со Романија


 Македонската машка ракометна репрезентација вечерва во Скопје ги почнува мини подготовките за двата дуели против Романија на гостински терен во рамки на ЕХФ неделата. Селекторот Кирил Лазаров за двомечот проитв Романија нема да може да смета на услугите на Филип Кузмановски, Ненад Костески, Павле Атанасијевиќ и Томислав Јагуриновски, а неизвесен е настапот на Милан Лазаревски. […]

Македонските одбојкари и одбојкарки ги дознаа противниците во евроквалификациите


Македонската машка одбојкарска репрезентација ќе игра во група со Грција и Грузија, додека одбојкарките против Грција и Австрија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026. Европската одбојкарска федерација (ЦЕФ) денеска го одреди составот на седумте квалификациски групи со по три репрезентации според рејтингот. Пласман на завршниот турнир ќе обезбедат првопласираните репрезентации, како и петте […]

АС: Столе Димитриевски се договорил со Валенсија


Столе Димитриевски по завршувањето на сеозната ќе се пресели на „Местаља“ во Валенсија. „АС“, тврди дека македонскиот репрезентативец потпишал преддоговор со Валенсија.   Столе Димитриевски има договор со Рајо ваљекано до крајот на актуелната сезона, што значи дека тој како слободен играч ќе се пресели во Валенсија. Клубот од „Местаља“ со години има финансиски проблеми, […]

Ѓоковиќ заокружи осум години како број 1 на светската ранг-листа


Лондон – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја започна својата 416-та недела на врвот на АТП ранг-листата. Ѓоковиќ е прв осум пати по 52 седмици или сумирано осум години. Ова е рекорд на машката турнеја. Второто време поминато како број 1 е на Роџер Федерер. Швајцарецот беше 310 недели на врвот на АТП-листата, односно 5 години […]

Рубљoв е првата голема жртва на Индијан Велс


Третиот светски тенисер и освојувач на Австралија Опен, Јаник Синер ја продолжи серијата победи во 2024 година и без поголеми проблеми обезбеди пласман во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс. Италијанецот беше подобар од Јан Ленарт Штруф со 2-0 (6-3, 6-4) за само 74 минути игра. По воведните 1-1 во првиот сет, Синер врза три […]

Забележа и 25 скока: Еве каков рекорд постави Ентони Дејвис во НБА


Центарот на Лос Анџелес лејкерс, Ентони Дејвис постигна 27 поени, а забележа и 25 скока, 5 асистенции и 7 украдени топки на натпреварот со Минесота тимбервулвс одигран ноќеска. Лејкерс победија со 120:109, а 31-годишниот Американец постави единствен рекорд во историјата на НБА-лигата. Тој стана првиот кој постигнал најмалку 25 поени, како и најмалку 25 скока, […]

Ѓоковиќ со мака до третото коло во Индијан Велс


Ноќта меѓу саботата и неделата српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на турнирот во Индијан Велс, откако го совлада 69. во светот, австралискиот тенисер со српско-црногорско потекло, Александар Вукиќ во три сета со 6-2, 5-7 6-3. Во мечот кој траеше нешто повеќе од два часа, Ѓоковиќ рутински го доби првиот сет во […]

Кејн прв дебитант во историјата на Бундеслигата кој постигнал четири хет-трика


 Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн го постигна својот четврти хет-трик во германската Бундеслига. Напаѓачот на Баерн погоди три пати на денешниот натпревар од 25. коло против Мајнц (8:1).  Претходно сезонава Англичанецот постигна хет-трик во натпреварите против Бохум (7:0), Дармштад (8:0) и Борусија Дортмунд (4:0).  Кејн стана првиот играч во историјата на Бундеслигата со четири […]

Георгиевски не успеа да избори пласман на Олимпијадата во Париз


Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски не успеа да обезбеди норма за учество на Олимписки игри во Париз 2024. Георгиевски загуби во четвртфиналето на квалификациите во Софија, Бугарија. Во денешната четвртфинална борба Георгиевски беше поразен од Белорусинот Плонес. Така, Георгиевски нема да има можност да го брани сребрениот медал освоен на Олимпијадата во токио пред три години.  […]

Почина младиот македонски кикбоксер Марко Тодоров


Голема трагедија се случи во македонскиот спорт. На 23 години почина македонскиот кикбоксер Марко Тодоров. Беше освојувач на голем број медали на домашна и меѓународна сцена. Голем број пријатели на Тодоров преку социјалните мрежи се збогуваат со младиот кикбоскер. Погребот ќе се одржи утре во 13.30 часот на градските гробишта во Бутел. 

Новак Ѓоковиќ и Циципас приредија шоу на улица, минувачите воодушевени (фото)


Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да ја освои рекордната шеста титула на Индијан Велс и на тој начин да му „побегне“ на Роџер Федерер, кој има исто толку титули на овој турнир. Со оглед на тоа што Новак порано дојде во САД, а сè уште нема одиграно ниту еден официјален натпревар, Ѓоковиќ ова го искористи […]

Чави може да добие отказ доколку загуби од Наполи


 Тренерот на Барселона Чави ќе добие отказ доколку тимот го загуби реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Наполи, пренесува „Carrusel Deportivo“.  При таков развој на настаните, за предводник на каталонскиот фудбалски великан ќе биде назначен Мексиканецот Рафаел Маркез, кој работи со резервниот тим на Барселона. Натпреварот помеѓу Барселона и Наполи ќе се одигра […]

Тајсон во јули се враќа во рингот


Поранешниот светски боксерски првак во тешка категорија, легендарниот Мајк Тајсон, се враќа во рингот во борба против јутјуберот, кој во меѓувреме стана боксер, Џејк Пол, на 20 јули во Арлингтон. Тајсон (57), според многумина најголемиот боксер на сите времиња, рече дека ќе биде забавно да влезе во рингот со Пол, кој е на возраст од […]

Адеми се откажа од настапи за македонската фудбалска репрезентација


Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски следната седмица ќе го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари против Молдавија (22.03) и Црна Гора (25.03) во турска Анталија.  Во видео изјава, предводникот на нашиот најдобар национален тим зборуваше за мартовските контролни мечеви и очекувањата од двете пресметки, потоа ситуацијата со клупските настапи на фудбалерите […]

Лига Европа: Ливерпул и Рома пред четвртфинале


Рим – Фудбалерите на Рома и Ливерпул забележаа синоќа високи победи во воведните осминафинални дуели во Лига Европа и се пред пласман меѓу осумте најдобри екипи во второто по ранг европско клупско натпреварување. Рома на домашен терен го совлада Брајтон со 4-0, со головите на Дибала (13), Лукаку (43), Манчини (64) и Кристанте (68). Ливерпул […]

Русија го прогласи Каспаров за терорист


Москва – Руските власти го додадоа името на поранешниот повеќекратен светски шаховски првак и политички активист Гари Каспаров на списокот „терористи и екстремисти“. Каспаров е долгогодишен противник на рускиот претседател Владимир Путин, а последните десет години живее во САД. Каспаров ја напушти Русија во страв дека може да се соочи со судски процес во 2013 година […]

Манчестер сити и Реал Мадрид четвртфиналисти во ЛШ


Манчестер, Мадрид – Манчестер сити и мадридски Реал очекувано вечерва обезбедија пласман во четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ). Актуелниот европски првак Манчестер сити и на реваншот на „Етихад“ го совлада Копенхаген со идентични 3-1 како и на првиот натпревар и со вкупен резултат 6-2 го елиминираше данскиот претставник. Реал на дуелот во Мадрид одигра нерешено […]

Почина Мирко Петровски, бодибилдер и фитнес тренер на познатите


Почина познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер, Мирко Петровски. Имаше 47 години. Веста на социјалните мрежи ја сподели музичарот Панчо. – Сѐ уште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да не оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. Денес изгубив(ме) голем другар, […]

На Анчелоти му се заканува пет години затвор поради прикривање приходи


Мадрид – Шпанското обвинителство побара речиси пет години затвор за тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти за затајување данок, пишува „Relevo“. Италијанецот не платил еден милион евра во периодот од 2014 до 2015 година.  Државните власти побараа 4 години и 9 месеци затвор за 64-годишниот фудбалски стручњак. Анчелоти првпат го презеде Реал Мадрид во 2013 година […]