Масовна тепачка на навивачите по финалето на купот во Чешка


Страшни сцени доаѓаат од Чешка по финалето на Купот во кое фудбалерите на Спарта Прага ја совладаа Викторија Плзен (1:2) на гостински терен и со тоа стигнаа до двојната круна.

За жал, откако судијата означи крај на натпреварот, избија навивачки немири.

Тамошните медиуми пишуваат дека на теренот први истрчале домашните навивачи кои потоа налетале на навивачите на Спарта Прага. Полицијата не реагираше навреме, поради што може да се видат страшни сцени и физичка пресметка меѓу навивачите на теренот.

Кога полицијата успеала да избрка неколку навивачи надвор од теренот, низ воздухот почнале да летаат разни предмети. За жал, многу навивачи беа повредени, но и телевизиската екипа која го коментираше натпреварот покрај самиот терен.

Ве предупредуваме дека снимките се вознемирувачки!