Димитриевски ги минал лекарските прегледи во Валенсија


Македонскиот голман Столе Димитриевски е пред потпис со шпанска Валенсија, барем според познатиот италијански новинар Фабрицио Романо.

Тој објави дека нашиот голман ги поминал лекарските прегледи и повеќе не постојат пречки да стане играч на тимот од „Местаља“. 

Според неговите информации неговиот договор ќе биде со важност до 2028 година, а Димитриевски ќе биде прв голман на Валенсија.