Гадно се чувствував, се разбира дека сум загрижен. Ѓоковиќ елиминиран во Женева


 

Новак Ѓоковиќ повторно не успеа да освои трофеј на еден турнир иако одлучи да настапи во Женева, во нешто послаба конкуренција од обично.

Својот пат во Швајцарија го заврши во полуфиналето, а можеби си направи дополнителни проблеми бидејќи во денешниот меч се Махач доживеа и повреда на зглобот на раката. По мечот, Ѓоковиќ призна дека не му се допаѓа ситуацијата во која се наоѓа.

„Се разбира дека сум загрижен, не играв воопшто добро оваа година, освен на неколку натпревари. Работите се такви какви што се. Не се гледам како фаворит во Париз, ќе се обидам да се насочам само на првиот меч на Ролан Гарос. Денеска многу гадно се чувствував“, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ за два часа и осум минути игра загуби од Чехот Томаш Махач со 4:6, 6:0, 1:6, а во текот на мечот даде сигнали дека не се чувствува 100% физички подготвен.

Дваесет и тригодишниот Махач се пласираше во своето прво финале на тениската турнеја.

Српскиот тенисер водеше со 4:1 во првиот сет, но му дозволи на противникот да направи импресивна серија од пет последователни гема за 6:4. По укажаната лекарска помош, Новак Ѓоковиќ одигра силен втор сет, кој го доби со 6:0.

Во третиот дел Ѓоковиќ го зеде првиот гем, но Томаш Махач повторно доби шест гема во низа и го заврши натпреварот со конечни 6:1.

Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ ќе пристигне во Париз на претстојниот Ролан Гарос без ниту едно финале во 2024 година.

Негов прв противник во Париз ќе биде Ербер од Франција.