Лига на Европа: Аталанта испиша историја, Баер Леверкузен загуби по 51-от натпревар оваа сезона


Аталанта со убедлива победа против Баер Леверкузен (3:0) ја освои Лигата на Европа, првиот европски трофеј во клупската историја и ја прекина неверојатната серија на „аптекарите“.

Избраниците на Чаби Алонсо го доживеаја првиот пораз сезонава, успеаја да нанижат 51 натпревар без пораз во сите натпреварувања, но финалето на европското натпреварување во Даблин беше кобно.

За поразот на Баер најзаслужен беше Адемола Лукман, нигерискиот напаѓач кој постигна хет-трик! Сепак, германскиот тим има многу причини за задоволство, ја освои Бундеслигата, а се уште може да стигне до двојната круна бидејќи ги очекува финалето на Купот против нисколигашот Кајзерслаутерн.