Мбапе нема да игра на Олимпијадата во Париз


 Францускиот фудбалер, Килијан Мбапе нема да игра на Олимписките игри во Париз, објави „COPE“.

Според шпанското радио, Реал Мадрид, кој има намера да го ангажира 25-годишниот Французин, смета на напаѓачот во август и нема да го пушти на Игрите во 2024 година.

На 10 мај, Мбапе објави дека ќе го напушти ПСЖ како слободен играч на крајот од сезоната 2023/24.

Олимписките игри 2024 година во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.