Барселона го има најскапиот фудбалер на светот


Младиот фудбалер на Барселона, Ламине Јамал, кој на 13 јули ќе наполни 17 години и официјално е фудбалер со најголема фудбалска вредност. Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС) објави рангирање на млади фудбалери до 23 години со најголем пораст на трансферната вредност од октомври 2023 година. Првото место со огромна разлика во однос на останатите […]

Скандал на повидок – Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО?


Шпанскиот фудбал би можел да се најде во сериозни проблеми по серијата скандали кои ја потресоа тамошната Федерација. Нивниот бизнис е под лупа на ФИФА и УЕФА, кои го осудија мешањето на политиката во спортот. Шпанската фудбалска федерација беше под лупа поради истрагата за корупција, како и смената на претседателот Луис Рубиалес, кој за време […]

ДСУ Спортска академија објави повик за проверка на спортски вештини за ученици кои сакаат да се запишат во 2024/2025


Државното средно училиште Спортска академија – Скопје го објави јавниот повик за потрага по спортски таленти односно термини и локации за проверување на способностите за спортски вештини на учениците кои се заинтересирани да се запишат во прва година во учебната 2024/2025 година.  Покрај во Скопје, предвидени се и паралелки во состав на јавните средни училишта во десет […]

Мото ГП: Бањаја победи во Херез


Италијанецот Франческо Бањаја (Дукати) победи во трката од Светскиот шампионат во мотоциклизам која денеска се возеше во шпанскиот град Херез елитната класа во Мото ГП. Втор беше Шпанецот Марк Маркез (Гресини Дукати), а трет Италијанецот Марко Безки (Дукати ВР46),. Лидерот во генералниот пласман на сезоната, Шпанецот Хорхе Мартин (Прамак Дукати) не ја заврши трката, што […]

Иџе во поход по нова европска титула: „Очекувам добра трка“


Летечкиот Македонец, Игор Стефановски викендов пред нов предизвик. Во Австрија, на патеката Рекбер тој ќе го започне својот најнов поход на Европскиот шампионат на ридски патеки, кој и годинава има 10 трки. Шампионатот започнува на 28.04.2024, а ќе заврши во септември со трката во Хрватска. Стефановски и оваа сезона не ги крие своите шампионски амбиции, […]

ЛШ: Тројца фудбалери на Баерн неизвесни за дуелот со Реал


 Фудбалерите од средниот ред Џамал Мусиала и Конрад Лајмер, како и дефанзивецот Матијас де Лихт се под знак прашалник за првиот натпревар од полуфиналната пресметка на Баерн Минхен во Лигата на шампионите против Реал Мадрид идниот вторник, објави германскиот клуб. Мусиала вчера не настапи во победата на Баерн во Бундеслигата над Ајнтрахт Франкфурт поради воспаление […]

„Ако зборувам сега ќе има пожар“: Конфликтот на Салах и Клоп го фрли во сенка новиот кикс на Ливерпул


Ливерпул пука во рабовите. Бесниот Салах проговори по судирот со Клоп: Ќе има пожар ако… Ливерпул се „распадна“ за само неколку натпревари, титулата најверојатно остана празен сон, а падовите во серија беа проследени денеска и со конфликт меѓу менаџерот Јирген Клоп и првата ѕвезда на тимот Мохамед Салах пред очите на целиот свет за време […]

Лестер се врати во Премиер лигата


Фудбалерите на Лестер Сити се враќаат во англиската Премиер лига по поразот на својот конкурент Лидс Јунајтед во Лондон од Квинс Парк Ренџерс (0-4). На две кола до крајот на сезоната во Чемпионшип лигата, Лестер обезбеди пласман на едно од првите две места, бидејќи е лидер на табелата со 94 бодови, четири повеќе од второпласираниот […]

Организаторите на ЛОИ „Париз 2024“ го презедоа олимпискиот оган, утре од Грција ќе тргне за Франција (Фото)


На античкиот стадион „Панатенаик“ во центарот на Атина, онаму каде што во 1896 година беа одржани првите модерни Олимписки игри, олимпискиот оган попладнево им беше официјално и свечено предаден на организаторите на Летните олимписки игри „Париз 2024“, додека пак утре ќе тргне за Франција, јави дописничката на МИА од Атина. На речиси полниот стадион во […]

Лазаров го објави поширокиот список за баражот со Фарски Острови


Вкупно 36 ракометари, од кои петмина интернационалци, се најдоа на поширокиот список кој селекторот на македонската машка репрезентација Кирил Лазаров го објави денеска за мајските бараж натпревари против Фарските Острови за пласман на Светското првенство во 2025 година. Во стручниот штаб предводен од Лазаров за дуелите против Фарски Острови е вклучен и поранешниот долгогодишен репрезентативец […]

Миовски фудбалер на годината на Абердин


Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски (24) е избран за фудбалер на годината на Абердин на свечена церемонија која синоќа ја одржа шкотскиот премиерлигаш. Миовски со 24 голови во сите натпреварувања втора сезона е ред е најдобар стрелец во редовите на Абердин, а во шкотската Премиер лига е на третото место со 14 првенствени голови. Македонскиот […]

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА


Цирих– Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА. Договорот, чија сума не е објавена, му овозможува на јавното претпријатие на Саудиска Арабија да стане партнер на ФИФА „со права кои покриваат неколку настани“, вклучително и Светското првенство за мажи во […]

Чави ги наведе причините за промената на неговата одлука да ја напушти Барселона


Тренерот на Барселона, Чави Ернандез на специјална прес-конференција објасни зошто решил да се повлече од својата одлука објавена во јануари да го напушти клубот на крајот на сезоната и наместо тоа да продолжи да раководи со тимот. Младиот стручњак увери дека ја чувствува поддршката од сите во клубот. Сфатил и дека проектот на Каталонците не […]

Претседателот на ПСЖ повторно се изјасни против Суперлигата


Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Хелаифи, кој ја предводи Европската клупска асоцијација, повторно се изјасни против создавањето на Суперлига, за која лобираат шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона. -Го прашав претседателот на Барселона, Лапорта кога ќе се откажат од оваа глупава идеја за создавање Суперлига. За мене не постои Суперлига. Лигата на шампионите е […]

Барселона го одврати Чави од заминување, останува до 2025-та


 Иако во јануари, разочаран од резултатите и перформансите на тимот, Чави Ернандез најави повлекување од тренерската клупа на Барселона на крајот од сезоната, младиот шеф на стручниот штаб доцна синоќа потпиша договор до 2025 година. Потпретседателот на клубот, Рафа Јусте е пресреќен поради ваквиот епилог од преговорите меѓу играчката легенда на шпанскиот великан од „Камп […]

При отворањето на Олимпијадата небото над Париз ќе биде забранета зона за летови


 Воздушниот простор над Париз ќе биде затворен шест часа како дел од големата безбедносна операција за време на церемонијата на отворање на Олимписките игри на 26 јули, соопштија денеска Министерството за внатрешни работи и главниот оператор на париските аеродроми. Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Дарманин најави дека зоната на забранети летови ќе се протега […]

Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација, судот одлучува за голот на Јамал


Барселона не дозволува да стивне бурата по Ел Класико во кое Реал победи со 3:2. „Фантомскиот гол“ на Ламин Јамал се уште е тема на шпанските медиуми. Барселона не престанува да зборува за тоа. И по самиот меч имаше остри критики за судењето, немањето гол технологија и „злоупотреба на ВАР системот“. Првиот човек на Барселона, […]

Тевез итно пренесен во болница


Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез синоќа беше примен во болница со силни болки во градите. 40-годишниот поранешен напаѓач, кој моментално е тренер на локалниот клуб Индепендиенте, беше пренесен во болница во Буенос Аирес откако се почувствувал лошо, но првичните тестови не покажале ништо сериозно за неговата состојба. -Нашиот тренер Карлос Тевез беше примен во болницата […]

Двајца премиерлигаши уапсени поради силување


Англиските медиуми објавија вознемирувачки вести. Двајца 19-годишници, кои се професионални фудбалери во Премиер лигата, се уапсени поради обвинение за силување минатиот викенд, а информацијата ја потврдија од англиската полиција. Не е наведено во која екипа настапуваат фудбалерите, ниту е познат нивниот идентитет, но познато е дека и двајцата играат за истиот тим кој се натпреварува […]

Жиру следната сезона ќе игра во американската лига


Оливие Жиру следната сезона ќе игра во американската МЛС лига. Прославениот француски репрезентативец веќе потпишал договор на една и пол година со Лос Анџелес. Напаѓачот во кариерата постигна 57 гола на 131 натпревар за Франција, а во новиот клуб ќе му се приклучи на долгогодишниот репрезентативен колега, голманот Хуго Лорис со кој го освои Светското […]