За Мурињо нема работа во Европа: Португалецот преговара со второлигаш од Саудиска Арабија


Ријад – Откако Жозе Мурињо доби отказ од Рома, се појавија многу прашања каде еден од најдобрите тренери во историјата ќе ја продолжи кариерата. Сепак, ретко кој очекуваше дека тоа би можело да биде во второлигаш на Саудиска Арабија! Мурињо наводно е во преговори со лидерот на Првата лига на Саудиска Арабија, Ал Кадисија. Клубот следната […]

Супер богатите ќе трошат и до 500.000 долари за ексклузивен пакет на Олимпијадата во Париз


  Членовите на глобалните супербогати ќе трошат дури 500.000 долари на „ултра-ексклузивни“ пакети за Олимпијадата во Париз 2024 година, за кои промотерите тврдат дека вклучуваат средби со спортисти, пристап до селото на спортистите и „шанса да се биде дел од церемонијата на отворањето“. GR8 Experience, „агенција за меѓународно искуство“ во делумна сопственост на бизнис менаџерот […]

Георгиевски потпиша нов договор со Вардар


Македонскиот ракометар Гоце Георгиевски постигна договор со Вардар за продолжување на соработката на уште една сезона. -Знаеме колку значи искуството што го има во себе Гоце, и среќни сме што прифати да биде уште една сезона дел од Вардар. Неговото искуство ќе биде од големо значење за играчите кои доаѓаат на сцената, и кои се […]

Алкараз го пропушта Мастерсот во Рим


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз денеска соопшти дека поради повреда на раката го прескокнува Мастерсот во Рим кој е закажан за следната недела. -Почувствував болка по играњето во Мадрид, непријатност во раката. Денеска имав тестови и имам мускулен едем, резултат на мојата последна повреда. За жал, нема да можам да играм во Рим. Ми треба одмор […]

Верстапен: И за 250 милиони нема да го напуштам Ред Бул


Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен изјави дека ниту 250 милиони евра годишно нема да го убедат да се раздели со тимот на Ред Бул пред крајот на неговиот договор. Оваа изјава на Холанѓанецот доаѓа во позадина на информациите кои се појавија дека Мерцедес се подготвени да му понудат 150 милиони годишно за да […]

Фоден избран за најдобар играч во Премиер лигата


Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден, е избран за најдобар фудбалер во Англија за сезоната 2023/24 според гласовите на локалните спортски новинари. Фудбалерот на „граѓаните“ во досегашниот дел од сезоната одигра 31 натпревар во Премиер лигата, а во таа конкуренција постигна 16 гола и запиша седум асистенции. Во ФА купот одигра четири натпревари на кои […]

Клоп за Салах: Прашањето е веќе решено, двајцата многу се почитуваме


Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, откри дека нема повеќе драма меѓу него и Мохамед Салах. Како што е познато, пред една недела двајцата влегоа во конфликт на мечот на „црвените“ против Вест Хем. Никогаш не открија што точно си кажале. -Веќе е решено, нема проблем. Не знам како ќе се снајдевме ако не се познававме […]

Јованоска: Преку еднаков број на жени во тимот до поуспешно учество на Олимписките игри


Олимписките игри не се само спортско натпреварување, туку и платформа за промена и влијание. Во текот на годините, се работи на постигнување на родова еднаквост на овие престижни настани. Годинашните Олимписки игри во Париз ќе бидат историски, бидејќи за прв пат ќе има еднаков број на жени и мажи натпреварувачи. Пулексенија Јованоска, дванаесеткратен државен шампион […]

ЛЕ: Леверкузен ја сруши Рома на „Олимпико“, Аталанта ремизираше на „Велодром“


Екипата на Баер Леверкузен направи сериозен чекор кон финалето на Лига Европа. „Аспирините“ ја совлада Рома со 2:0 како гостин во првиот полуфинален натпревар меѓу двата тима. Флоријан Вирц ги доведе „аспирините“ во водство со гол во 28. минута, а конечниот резултат го оформи Роберт Андрич со прекрасен гол во вториот дел. Така избраниците на […]

Возачите на Ферари ги изненадија сите и се појавија во сино наместо црвено


Италијанскиот конструктор Ферари најави дека на шестата трка сезонава, која ќе се одржи викендов во Мајами, ќе претстави посебен визуелен идентитет на болидот за да ја прослави 70-годишнината од неговото присуство во Северна Америка. Имено, Ферари ќе вози со посебни сини детали на црвен болид и со тоа ќе отстапи од својата традиција, а возачите […]

Бостон избори четвртфинале, Далас поведе против ЛА клиперс во плејофот на НБА


Екипата на Бостон селтикс ноќеска го победи Мајами хит со 118:84 и со вкупно 4:1 ја доби серијата во првото коло од плејофот на НБА-лигата. Противник на Селтикс во четвртфиналето ќе биде поуспешниот од пресметката Кливленд кавалирс – Орлано меџик (3:2 по пет натпревари). На вториот натпревар одигран ноќта среда кон четврток, Далас маверикс убедливо […]

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид


Италијанскиот тенисер Јаник Синер објасни зошто решил да се повлече од турнирот во Мадрид. Во четвртфиналето на Мастерсот требаше да игра со Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим, кој сега автоматски се пласираше во полуфиналето, каде што ќе игра со победникот од двојката Данил Медведев – Јиржи Легечка. – Многу е тажно да го пропуштам мојот следен натпревар […]

Каратистите на „Макпетрол“ се подготвуваат за претстојното Европско првенство


Македонските карате-репрезентативци, членови на „Макпетрол“, моментно се на еднонеделни подготовки во Струга. Претставниците на скопскиот клуб ја темпираат формата за претстојното Европското сениорско првенство, закажано за периодот од осми до 12 мај во Задар, Хрватска.    – „Макпетрол“ е носечкиот клуб во сениорска конкуренција на македонската репрезентација. Во составот имаме искусни, прекалени и квалитетни спортисти, […]

Арпад Штербик преживеа срцев удар


Поранешниот ракометен голман на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар, објави унгарскиот клуб Веспрем. Во информацијата на клупската страница на Веспрем стои дека Штербик вчера наутро имал срцев удар и веднаш бил хоспитализиран. – Нашиот тренер на голманите Арпад Штербик не патуваше со тимот за мечот од ЛШ со Алборг. Арпи се чувствуваше лошо утрото, […]

Емоционално простување на Надал од публиката во Мадрид


  Рафаел Надал мораше да запре неколку моменти, видно емотивен, додека ѝ се обраќаше на публиката по поразот во четвртото коло на Мадрид опен. Додека наоколу одекнуваа скандирањата „Рафа, Рафа, Рафа“, петкратниот шампион во Мадрид одржа проштален говор по поразот со 7:5, 6:4 во вторникот од 31. рангираниот Јиржи Лехечка. Веројатно тоа беше неговиот последен […]

Буфон: Доколку би можел да одберам натпревар кој би го одиграл повторно, тоа е финалето на ЕП 2012


Поранешниот голман на Италија и Јувентус, Џанлуиџи Буфон именуваше натпревар кој би сакал да го повтори. – Доколку треба повторно да одиграм еден натпревар во кариерата, би го избрал финалето на ЕП 2012 против Шпанија. Не го заслуживме овој резултат, бевме исцрпени. Не барам изговори, но натпреварот го одигравме во невозможни психофизички услови. Да ни […]

Одржано првото коло од Државното првенство во дресурно јавање


Во организација на Коњичка федерација на Северна Македонија изминатиот викенд се одржа првото коло од отвореното Државно првенство во дерсурно јавање со три натпревари во категорија А, М и ЛМ.   Најуспешна во категоријата деца беше Лија Кајев со грлото Аполо од клубот Анималс. Во категоријата јуниори победи Леона Анушев со грлото Отто од Анималс. […]

Лејкерси ќе се разделат со тренерот Дарвин Хам


Тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Дарвин Хам наскоро ќе добие отказ, објавија американските медиуми. Разделбата со главниот тренер доаѓа по елиминацијата во првото коло од плејофот по поразот од НБА шампионот Денвер Нагетс со 1:4. Лејкерси водеа на полувремето во сите пет натпревари, но така и не можеа да најдат одговор за бекот на Денвер, […]

За прв пат по 20 години, второто коло од НБА плејофот ќе помине без Леброн, Кари и Дурант


За прв пат по две децении, второто коло од плејофот на најсилната кошаркарска лига на светот ќе помине без водечките играчи во последните години Леброн Џејмс, Стеф Кари и Кевин Дурент. Лејкерс на Џејмс и Феникс на Дурент испаднаа во првото коло.  Голден Стејт на Кари не успеа да се пласира во плејофот, губејќи во […]

Мадрид: Надал во осминафиналето по тричасовна битка против Качин


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал обезбеди пласман во осминафиналето на Мастерсот во Мадрид откако во три сета го совлада Педро Качин со 6:1, 6:7(5:7), 6:3. „Кралот на земјата“ имаше вистинска показна вежба за „Ролан Гарос“. Маратон и вистински ролеркостер од три часа би можеле да му ги понудат потребните одговори. Она што е позитивно за сопственикот […]