Меџити, Касами и Гаши направија предизборна коалиција, ја канат и Алијансата за Албанците


  Коалицискиот опозициски фронт во кој заедно ќе настапат Демократско движење, БЕСА и Алтернатива ќе го носи името „Европски сојуз за промени“. Оваа денеска на прес-конференција го соопшти претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, придружуван од двајцата претседатели на останатите две партии, Изет Меџити и Биљал Касами.Тие велат дека нивен врвен приоритет ќе биде борбата против …

Меџити, Касами и Гаши направија предизборна коалиција, ја канат и Алијансата за Албанците Read More »

Николоски: Уставни измени под бугарски диктат нема да има ни пред ни по избори


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, порача дека уставни измени под бугарски диктат нема да има ни пред ни по изборите.  „Година ипол трае оваа приказна. Уставни измени под бугарски диктат нема и нема да има. Ова е затворено прашање“, истакна Александар Николоски во интервју за „Радио Слободна Европа“. „Го затворивме тоа прашања, уставни измени нема …

Николоски: Уставни измени под бугарски диктат нема да има ни пред ни по избори Read More »

Бугарија го уверила Ескобар дека нема да додаде повеќе услови за Македонија


  Заменик-помошникот државен секретар на САД задолжен за Западен Балкан Габриел Ескобар, во телефонско интервју за Гласот на Америка на македонски, рече дека бугарските колеги го увериле оти немаат намера да додадат повеќе услови за Македонија кон ЕУ. Ескобар нагласи дека не се работи за гаранции, туку само за уверување од Бугарија оти сакала да …

Бугарија го уверила Ескобар дека нема да додаде повеќе услови за Македонија Read More »

МНР молчи за скапото изнајмување возила за самитот на ОБСЕ


Министерството за надворешни работи не објаснува и натаму на што се должи големата разлика во сумите што ќе ја плати  за изнајмување на возила за самитот на ОБСЕ во Скопје, споредено со регуларната цена по која обичен граѓанин би изнајмил возило од посочената фирма. Тендерот на МНР за изнајмување на возила за потребите на самитот …

МНР молчи за скапото изнајмување возила за самитот на ОБСЕ Read More »

Судскиот совет ја повика Адеми да ги објасни притисоците на политиката врз Врховниот суд


  Судскиот совет информира дека испратил писмена покана до претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, во која се повикува на работна средба со членовите на Советот, за, како што се посочува, последните случувања и објавени написи во медиумите за политички притисоци врз судиите во највисокиот суд. Од Судскиот совет, посочуваат дека како тело кое согласно …

Судскиот совет ја повика Адеми да ги објасни притисоците на политиката врз Врховниот суд Read More »

Апасиев како Палестинец во Собрание


Пратениците на Левица денеска во Собрнието поднесоа декларација за солидарност со палестинскиот народ и за осуда на израелската окупација, како и да се признае независна држава Палестина. Во Декларацијата составена од девет точки меѓудругото се бара осуда на воените злосторства врз палестинските цивили извршени од страна на безбедносните сили на Израел и осуда на политиките …

Апасиев како Палестинец во Собрание Read More »

Лога: Повторно ќе го поднесам Законот за амнестија


  Министерот за правда Кренар Лога денеска на прес-конференција во Собранието изјави дека повторно ќе го поднесе законот за амнестија, овој пат по редовна постапка, откако претходно Собранието на 129. седница со 66 гласа „против“ не го го поддржа донесувањето на законот по скратена постапка.  -Денеска Македонија е понеправедна држава од вчера, за жал оваа неподдршка …

Лога: Повторно ќе го поднесам Законот за амнестија Read More »

Меџити: ДУИ врши притисок врз Врховниот суд да се врати Никола Груевски


Изет Меџити од Демократското движење,  придружуван од лидерите от на Беса и Алтернатива, Биљал Касами и Африм Гаши, на денешната прес-конференција истакна дека ДУИ и одредени поединци во оваа партија вршат притисок врз судиите на Врховен суд околу барањата за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски.   -Тука сме да ја изразиме нашата силна поддршка …

Меџити: ДУИ врши притисок врз Врховниот суд да се врати Никола Груевски Read More »

Ковачевски не очекува нова политичка криза


  Премиерот Димитар Ковачевски не очекува нова политичка криза во државата иако, според него, изминатите четири години опозицијата ја блокира работата на Парламентот.Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Првата конференција за патна инфраструктура појасни дека претстојат избори, кои ќе се организираат врз основа на изборен законик којшто ќе биде усогласен со сите политички партии. …

Ковачевски не очекува нова политичка криза Read More »

Демократијата е во неволја во половина свет, покажува новиот извештај


  Извештајот на Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (ИДЕА) за глобална состојба на демократијата 2023 година, објавен во четвртокот, 2 ноември, вели дека демократијата во светот се влошува соочена со зголемениот авторитаризам, истакнувајќи дека тоа се должи на подемот на личности како Виктор Орбан, Доналд Трамп и Реџеп Таип Ердоган, кои се познати …

Демократијата е во неволја во половина свет, покажува новиот извештај Read More »

Раим Бајрами претседател на УО на АЦВ, Горан Герасимовски на Советот за статистика


 Собранието денеска го избра Раим Бајрами, дипломиран сообраќаен инженер, насока воздушен сообраќај, од Кичево, за претседател на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ). Со одлуката на Собранието, донесена на 129. седница, се продолжува ангажманот на Бајрами на истата функција, откако му истече мандатот со претходната одлука во 2019 година. За член во УО …

Раим Бајрами претседател на УО на АЦВ, Горан Герасимовски на Советот за статистика Read More »

Зошто предлог законот за македонски јазик не се гласа во Собранието ? 


Предлог законот за македонски јазик се уште е во Собрание. Овој закон не е променет уште од 1998 година. Јас постојано апелирам до пратениците и не можам да поверувам дека еден ваков закон наидува на какви било препреки, посочи на денешниот брифинг со новинарите министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Таа потенцираше дека испратила апел …

Зошто предлог законот за македонски јазик не се гласа во Собранието ?  Read More »

Собранието не го прифати предлогот законот за амнестија да се носи по скратена постапка


  Предлогот на Владата по скратена постапка да се донесе законот за амнестија не доби поддршка од Собранието кое денеска одлучуваше за потребата од негово носење во тек на утврдување на дневниот ред на 129. седница. „Против“ гласаа 66 пратеници, „за“ 17, а тројца „воздржани“.  „Основната цел е алармантна состојба во затворите како што во …

Собранието не го прифати предлогот законот за амнестија да се носи по скратена постапка Read More »

Судска реформа во Грција: од пријава до правосилна пресуда 500 дена


  Грција прави реформа на правосудниот систем за да може судењата од пријава до правосилна одлука да завршат во рок од 500 дена. Тоа е средното време во земјите членки на Европската унија. Ова денеска ѝ го кажал на вицепремиерката Славица Грковска министерот за правда на Грција Јоргос Флоридис за време на нивната средба во …

Судска реформа во Грција: од пријава до правосилна пресуда 500 дена Read More »

И СДСМ против амнестијата на Лога


  СДСМ ќе гласа против законот за амнестија што ја предложи коалицискиот партнер, министерот за правда Кренар Лога. Вчера заменичката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ  од Охрид и индиректно кажа дека СДСМ се против законот кој во Влада го протурка Лога, а кој премиерот Димитар Ковачевски најпрво го поддржуваше и бранеше, но подоцна се огради поради …

И СДСМ против амнестијата на Лога Read More »

Новинарските организации се залагаат за медиумски интегритет по вчерашната епизода од „Само вистина“


  Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагираат на настаните што се случија вчера на директниот пренос на „Само Вистина“ на ТВ Канал 5, каде во улога на гостин беше Исмет Рамадани, поранешен пратеник и актуелен советник на …

Новинарските организации се залагаат за медиумски интегритет по вчерашната епизода од „Само вистина“ Read More »

Интерпелацијата на Јовески и предлогот за избор на член на ДИК на пленарна седница


 На денешната 129. собраниска седница, меѓу точките на дневниот ред се Предлогот за интерпелација за работата на државниот обвинител Љубомир Јовески, поднесен од пратеници од опозицијата, како и Предлогот за избор на член на Државната изборна комисија Интерпелацијата на Јовески е ставена како 13-та точка на дневниот ред на седницата.  Предлагачите на интерпелацијата објавена на …

Интерпелацијата на Јовески и предлогот за избор на член на ДИК на пленарна седница Read More »

Предлог-законот за амнестија на собраниска седница, најавени амандмани и од опозицијата и од власта


Предлог-законот за амнестија, предложен по скратена постапка од министерот за правда Кренар Лога, е на дневен ред денешната 129. седница на Собранието на Република Северна Македонија. Предложениот закон е 26-та точка на дневниот ред. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го блокира носењето на законот со доставување голем број амандмани, а амандмани најави и СДСМ со …

Предлог-законот за амнестија на собраниска седница, најавени амандмани и од опозицијата и од власта Read More »

Пендаровски: Оценка за мојот мандат ќе дадат граѓаните


Претседателот Стево Пендаровски вели дека оценката за неговиот мандат треба да ја дадат граѓаните и затоа покрај партиската поддршка, важна му е и оценката од граѓаните. Во синоќешното интервју за ТВ Шења, како што пренесува Кабинетот на претседателот,  Пендаровски изјавил дека му е потребно да има поддршка од партиите кои застанале зад неговата кандидатура на …

Пендаровски: Оценка за мојот мандат ќе дадат граѓаните Read More »

Совет за безбедност: Нема индиции дека е загрозена безбедноста на државата


Во кабинетот на Претседателот на Македонија,Стево Пендаровски, се одржа седница на Советот за безбедност на која се разговараше за безбедносната состојба во државата и евро-атлантскиот регион.Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата присуствуваа и директорот на Агенцијата за национална безбедност и директорот на Агенцијата за разузнавање. -Надлежните претставници на …

Совет за безбедност: Нема индиции дека е загрозена безбедноста на државата Read More »