ДУИ си доби приватно министерство за прослави без маски


Свеченото отворање на новата зграда во која се всели Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците го искористи првиот вицепремиер Артан Груби со сите владини функционери на ДУИ да му организира роденденска прослава на партискиот лидер Али Ахмети.На фотографијата се гледа дека ниту еден од функционерите не носи заштитна маска, ниту е на потребната […]

Се гради стратегија за продолжување на разговорите со Бугарија, големи очекувањата од португалското претседателство


Стратегија соодветна како да се пристапи, адаптирање на активностите во понатамошните разговори и комуникација за надминување на разликите во разговорите со соседна Софија, е приоритет на владиниот тим за евроинтеграции, предводен од премиерот Зоран Заев, на првиот работен ден од 2021 година. На координативен состанок, вчера сите овие прашања беа на дневниот ред за да […]

Галерија: Како изгледа новото министерство на Груби?


Министерството за политички систем што го предводи Артан Груби од денес функционира од нов објект. Зградата е лоцирана во близина на МНР и е дел од проектот „Скопје 2014“ во вредност од 14 милиони евра.  Министерство за политички систем, сепак, нема да биде единствен корисник на барокната зграда. Таму ќе се сместат и Агенцијата за […]

Коцарев: За посебноста на македонскиот јазик веќе поодамна се изјаснила светската славистика


Македонскиот јазик има повеќедневна традиција, формиран е пред формирањето на државата Македонија, а се зборува надвор од границите на денешна Македонија. За посебноста на македонскиот јазик веќе поодамна се изјаснила светската славистика, не македонската или бугарската. Ова го истакнува претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев во интервју за ТВ Телма, кој вели дека Денот на светите […]

ВМРО-ДПМНЕ: Tоа што ние го изградивме, Заев не може ни да го искречи


Зградата во која денес се всели министерството за политички систем е започната со градба во 2015 година, а беше спремна за вселување уште 2017 година. СДСМ чекаше буквално 4 години, можеби со мисла дека народот ќе заборави дека истата е градена во време на ВМРО-ДПМНЕ, порача денес ВМРО-ДПМНЕ како реакција на вселувањето на вицепремиерот Артан […]

Владиниот тим за евроинтеграции на координација за проблемот со Бугарија


 Мислам дека изборите се несоодветен момент за решавање на вака политичко сензитивни прашања, посебно прашања во коишто барем нашата страна не може да утврди каде е проблемот, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање до каде сме во решавањето на отворените прашања со Софија и дали смета дека тоа е можно до март […]

Претседателката на ССК, Данела Арсовска нов почесен конзул на Унгарија


Владата на седница одржана на 29 декември минатата година донесе одлука за отворање Почесен конзулат на Република Унгарија во Штип, а Данела Арсовска е нов почесен конзул. Владата го задолжи Министерството за надворешни работи да ја спроведе оваа одлука, која стапи во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник односно од 30 […]

Заев: Продолжува надоградувањето на концептот за едно и еднакво општество за сите


Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците денеска се вселува во новата владина зграда. Увид на вселувањето денеска изврши премиерот Зоран Заев кој изјави дека Владата втор мандат успешно продолжува да го надоградува концептот за едно и еднакво општество за сите. – Нашето општество е изградено од граѓани со различни етнички, јазични, културни, религиозни […]

Костадинов: Од канабисот можен е прилив од 250 милиони евра


Со стратешката Акција 21- европските стандарди ги носиме дома и преку нови мерки, економски политики за целосно искористување на сите економски потенцијали. 2021 година е година на можности, на нови економски потенцијали, вели портаролот на партијата Костадин Костадинов. Тој наведува дека еден од нив е и канабисот како една од најдинамичните индустрии во светот. -Според […]

Анализа на ФАЦ: Проширувањето на ЕУ е мртво, што следи?


Принципот дека реформите доведуваат до членство во ЕУ повеќе не важи за земјите од Западен Балкан, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во анализа. Никој не го сфати ова појасно од Република Северна Македонија, која дури и го смени името по барање на Грција за да може да започне преговори со ЕУ. Сепак, грчкото вето беше проследено […]

Разговорите ќе продолжат со која било бугарска влада, вели Маричиќ


Разговорите со соседна Бугарија ќе продолжат, тие се наши соседи и мораме преку европска достоинствена политика и дијалог да бараме решение за недоразбирањата. Разговорите ќе продолжат со оваа и која било друга идна бугарска влада, вели во интервју за МИА министерот за правда Бојан Маричиќ. Повторното одложување на почетокот на преговорите за членство на Северна […]

Османи очекува португалското претседателство да помага како и Германија


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи има позитивни очекувања од португалското претседавање со Советот на ЕУ кога е во прашање усвојувањето на преговарачката рамка за Македонија. На денешната прес конференција Османи рече дека во првичните контакти со португалското претседателство искажана е сериозна намера да се продолжи процесот што остана од германското претседавање со Унијата. „Очекувам […]

Бугарската блокада го стопира европскиот пат на Северна Македонија


Петнаест години откако ЕУ и го додели на земјава статусот на кандидат за членство во Унијата, во март годинава Европскиот совет донесе одлука за старт на пристапните преговори, па и во услови на пандемијата со Ковид-19 се очекуваше тие да започнат до крајот на годинава. Но, кога се чинеше дека по приемот во НАТО, годинава […]

Андов за Данас: Во Меморандумот на Бугарија сè е прекроено, има многу лаги и глупости


Парадоксално е тоа што национализмот може да се потисне со европеизацијата на Балканот, а истиот национализам е овој Бугарскиот што го запира целиот тек поради амбицијата кон Македонија, вели во интервју за белградски „Данас“ Стојан Андов, првиот претседател на македонското собрание и висок функционер во поранешната Сојузна влада на СФРЈ, јави дописникот на МИА од […]

Интервју: Заев уверен дека ќе ја совладаме и бугарската блокада


Создавање дијалог, а не конфликт со Бугарија, интензивирање на комуникацијата по празниците со цел пронаоѓање решение, кое ќе биде во духот на европските вредности, но и зацврстување на ставот дека нашето членство во ЕУ нема друга алтернатива се дел од пораките, кои премиерот Зоран Заев ги упати во интервјуто за МИА. Со Заев говоревме за […]

Предвремени избори нема да има, вели премиерот


 Нема предвремени избори и нема да има неосновано изнудување на оставка на Владата. Нема ниту потреба, ниту логика за оставки. Таквата постапка би била изневерување на сите што дадоа поддршка за европската агенда на земјата. Владата е стабилна, поддржана од стабилно мнозинство во Парламентот, вели премиерот Зоран Заев во интервју за МИА. Заев говорејќи за […]

Буџетот на институциите e намален, но доволен за натамошни реформи, вели Заев


Владината политика е јасна – администрацијата ќе се намалува и ќе станува се поуслужна кон граѓаните. Во нејзината структура сѐ уште се чувствуваат последиците од масовната партизација на институциите што се правеше 11 години до 2017 година и од спроведување на операцијата „заробена држава“. Ова во интервју за МИА го посочи премиерот Зоран Заев, кој говореше за […]

Заев: Билатералните прашања не треба да бидат пречка за евроинтеграциите, ниту изборите за билатералните процеси


Дијалог, а не конфликт создаваме со Бугарија, смиреност и подготвеност за соработка, наместо национализам за домашна употреба и нови изолации, вели премиерот Зоран Заев во интервјуто за МИА во врска со натамошните чекори за решавање на спорот со соседната земја. Премиерот нагласува дека комуникацијата со официјална Софија продолжува во насока на изнаоѓање решение и додава […]

Македонската дипломатка страдала од депресија


Македонската дипломатка што се самоуби во Њујорк на Нова година страдала од депресија, се дознава неофицијално.  Таа последните три дена не доаѓала на работа што била причина да ја побараат во нејзиниот дом. Живеела во дипломатски кварт спроти мисијата на САД во ОН. Станува збор за дипломатка од помладата генерација која во МНР дошла од […]

МКД: Се самоуби македонска дипломатка во ОН


Триесет и осумгодишна дипломатка во ОН во новогодишната ноќ била пронајдена мртва во нејзиниот стан на Менхетн во Њујорк, јави ТВ Фокс њуз. МКД.мк дознава дека се работи за член на делегацијата на Македонија во Обединетите нации. Според пишувањето на Фокс њуз станува збор самоубиство. Полицијата ја пронашла дипломатката со ремен околу вратот и две испразнети […]