Јакимовски го призна поразот и ѝ честиташе на Сиљановска Давкова


Претседателскиот кандидат на ГРОМ, Стевчo Јакимовски кој е актуелен  градоначалник на Општина Карпош го призна изборниот пораз на претседателските избори и ѝ ја честиташе победата во првиот изборен круг на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Тој рече дека врз основа на досега преброените гласови, секако дека не е задоволен.

„Дали резултатите се задоволувачки? Според мене се далеку од очекувањата. Но, битно беше дека граѓаните имаа избор. Дали граѓаните биле во право, се надевам ќе бидеме живи и здрави и ќе можеме да констатираме“, рече Јакимовски во обраќање до медиумите во изборниот штаб.