Груби се пожали на Рама: Османи ќе влезеше во вториот круг да не беше кандидат Таравари


Албанскиот премиер Еди Рама телефонски разговарал за резултатите од претседателските избори во Македонија со Артан Груби од ДУИ, кој му пренел дека Бујар Османи ќе бил во вториот круг доколку не учествувал Арбен Таравари од „Вреди“, поддржан од премиерот на Косово, Албин Курти, објави „Kosovo online“. Груби му порачал на Рама дека Османи е трет по бројот на гласови на национално ниво и дека победил во главните центри на Арбен Таравари.

Резултатите од претседателските избори во Македонија ги коментирал и косовскиот аналитичар Ваљон Сила, кој оценил дека премиерот на Косово добил лекција за учество на изборите преку Скопје.

„Ја прими пораката, па оттаму Албин повеќе нема да оди на море во Албанија. Сега Албин ќе оди во Грција да плива, повеќе не го интересира Македонија, повеќе го интересира Бугарија“, оценил Сила.