ДУИ слави на плоштадот „Скендербег“ и во Мала Речица


Вечерва приврзаниците на ДУИ на плоштадот „Скендербег“ во Скопје и во Мала Речица слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори според кои нивниот кандидат за претседател Бујар Османи е на третото место пред кандидатот за здружената албанска опозиција Арбен Таравари. Во моментов кандидатот на Европскиот Фронт, Бујар Османи има 90.642 гласови, односно 14,76%.

Nа плоштадот „Скендербег“ има зголемено полициско обезбедување, а изборниот штаб на албанската опозиција „Вреди“ е преместен на друга локација.