За шест месеци Еко-патролата во Скопје врачила 709 записници за неправилно исфрлање отпад


Седумстотини и девет информативно-едукативни записници за граѓаните што на терен се затекнати дека го прекршуваат Законот за јавна чистота изготви Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во првите шест месеци од оваа година. „Комунална хигиена“ денеска реализираше едукативна акција за правилно и совесно постапување со отпадот за граѓаните на скопската општина Аеродром. Едукативните активности, како …

За шест месеци Еко-патролата во Скопје врачила 709 записници за неправилно исфрлање отпад Read More »

Од 1 септември субвенционирање фасади за Кисела Вода


Од први септември започнува аплицирањето на жителите на Општина Кисела Вода кои се заинтересирани да бидат дел од проектот на општината и Здружението за хумано домување Хабитат Македонија за субвенции и поддршка на енергетски ефикасни домови за станбени згради за колективно домување. Критериумите кои треба да ги исполнат потенцијалните корисници за субвенционирање се објавени на …

Од 1 септември субвенционирање фасади за Кисела Вода Read More »

Почнува Самрленд во Градскиот парк со музика, кино и забавни игри


Градот Скопје ова лето, во текот на топлите јулски денови и вечери, нуди интересни забавни содржини  и активности за сите возрасти во Градскиот парк. -По доброто искуство што Скопје го имаше со Винтерлендот, еве не денеска да го најавиме вечерашното отворање на Самрленд на Школка во Градскиот парк – рече Шилегов. Почнувајќи од денеска, па …

Почнува Самрленд во Градскиот парк со музика, кино и забавни игри Read More »

Активности за чистење на кејот на Вардар


Комуналната служба на Општина Аеродром заедно со ЈП „Паркови и зеленило“ од вчера почна со активности за чистење на кејот покрај реката Вардар. Од прес-службата на Општина Аеродом соопштуваат дека активностите за чистење на кејот се одвиваат на потегот од мостот „Близнаци“ во Ново Лисиче, кон улицата „Тодор Чангов“. Од таму соопштуваат дека активностите за …

Активности за чистење на кејот на Вардар Read More »

Викендов привремен сообраќаен режим на мостот „Гоце Делчев“


Градските власти информираат дека поради изведување комплексни градежни активности в сабота и в недела на мостот „Гоце Делчев“ ќе биде воведен привремен сообраќен режим. – В сабота поради изведување градежни активности за реконструкција на дилатационите фуги на мостот во периодот од 5 часот изутрина до 17 часот попладне ќе биде целосно затворена за сообраќај страната на …

Викендов привремен сообраќаен режим на мостот „Гоце Делчев“ Read More »

Шилегов ќе го менува изгледот на центарот во Скопје


Шаренолики се фасадите на зградите во централното градско подрачје, особено околу плоштадот „Македонија“, по улицата „Македонија“, како и другите краци што излегуваат од плоштадот. Со проектот „Скопје 2014“ многу од зградите во центарот на Скопје беа преслечени во нови, но сепак барокни фасади, изработени од стиропор. Со смената на власта, се смени и тактиката, па …

Шилегов ќе го менува изгледот на центарот во Скопје Read More »

Почна реконструкцијата на улицата „Московска“ во Карпош


Екипите на Градот Скопје денеска  ја започнаа реконструкцијата на коловозот на улицата „Московска“ во општина Карпош, а увид во градежните работи на оваа делница извршија градоначалникот на Карпош Стефан Богоев и  градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. -Градот Скопје продолжува интензивно со реконструкцијата на инфраструктурата под надлежност на Градот. Денеска сме на улицата „Московска“, каде што …

Почна реконструкцијата на улицата „Московска“ во Карпош Read More »

Низ Скопје ќе возат „мерцедес“ или МАН еко-автобуси


За осум месеци низ улиците на Скопје ќе возат четириесетина еколошки автобуси на произведувачите „Мерцедес“ или МАН. „На 5 јули се отвора тендерот и ќе го добиеме најдобриот понудувач за еко-автобусите. Моите очекувања се дека, од информациите што ги имама од ЕБРД, има два потенцијални добавувачи кои се квалификувани, а тоа се „Мерцедес“ и МАН. …

Низ Скопје ќе возат „мерцедес“ или МАН еко-автобуси Read More »

Вечерва и утре затворен мостот „Гоце Делчев“


Од 17 до 22 часот денеска и утре, ќе биде затворен за сообраќај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, поради реконструкцијата на мостот, најави градоначалникот Петре Шилегов. „Вечерва го затвораме мостот „Гоце Делчев“ во правец од ТЦ „Мавровка“ кон Влада во периодот од 17 до 22 часот, а утре во истиот период во обратниот правец. Мораме …

Вечерва и утре затворен мостот „Гоце Делчев“ Read More »

Во следните 20 дена ќе се реконструира улицата „Февруарски поход“ во Ново Лисиче


Градот Скопје ја започна реконструкцијата на коловозот на улицата „Февруарски поход“ во скопската Општина Аеродром. Увид во градежните работи на оваа делница денеска изврши градоначалникот Петре Шилегов. -Градот Скопје продолжува интензивно со реконструкцијата на главните сообраќајници насекаде низ нашиот град. Денеска ја почнавме реконструкцијата на оваа фреквентна и оштетена улица „Февруарски поход“ во населбата Ново …

Во следните 20 дена ќе се реконструира улицата „Февруарски поход“ во Ново Лисиче Read More »

Билетот за едно возење со автобусите на ЈСП достапен од септември


Билет за едно возење во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје ќе има, и тој треба да го реши проблемот со превозот на туристите, на граѓаните кои инцидентно користат јавен превоз и на оние од внатрешноста, потврдува во интервју за „Независен весник“ генералниот директор на ЈСП Скопје, Кристијан Чушков. Тој појаснува дека постојниот систем …

Билетот за едно возење со автобусите на ЈСП достапен од септември Read More »

Од септември ЈСП ги враќа билетите од хартија за едно возење


Од септември во автобусите на ЈСП-Скопје повторно ќе може да се купи хартиен билет за едно возење. Градот Скопје треба првично да го одреди цената на билетот, а следи и постапката за тендерот за набавка на 300.000 хартиени електронски билети, кои се адекватни на постојниот систем за плаќање во јавниот превоз.  

Почна реконструкцијата на улицата „Лазар Трпковски“ во Чаир


Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа првата фаза од реконструкцијата на коловозот на улицата „Лазар Трповски“ во Општина Чаир. Увид во градежните работи на оваа делница денеска изврши градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу. – Градот Скопје продолжува интензивно со реконструкцијата на главните сообраќајници во нашиот град. …

Почна реконструкцијата на улицата „Лазар Трпковски“ во Чаир Read More »

(Видео) Нова водоводна и канализациска мрежа на улица „Варшавска“


Градот Скопје преку ЈП „Водовод и канализација“, заедно со Општина Карпош, денеска ја почнаа изградбата на новата водоводна и канализациска мрежа на улицата „Варшавска“ во скопската населба Тафталиџе. Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски информира дека водоводната мрежа е во должина од околу 110 метри со Ф160, додека канализационата мрежа со околу Ф250 …

(Видео) Нова водоводна и канализациска мрежа на улица „Варшавска“ Read More »

Од среда ќе се прска против комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека третата фаза од авионската и од терестричната дезинсекција на подрачјето на Скопје против возрасни форми на комарци ќе почне на 03.07.2019 година (среда). Имено, авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје ќе се одвива на 03.07.2019 година (среда) и на 04.07.2019 година (четврток), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција на …

Од среда ќе се прска против комарци Read More »

Во среда и четврток прскање против комарци во Скопје


Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци ќе се одвива на 3 и 4 јули, среда и четврток, во раните утрински часови. Терестичната дезинсекција ќе почне во среда и ќе заврши најдоцна до 6 јули (сабота), од 23.00 до 04.00 часот. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, …

Во среда и четврток прскање против комарци во Скопје Read More »

(Видео) Се реконструира улицата „Ѓорче Петров“


Почна реконструкција на улицата „Ѓорче Петров“ на потегот на општинската зграда до бензинската пумпа на Макпетрол. Увид во градежните работи на оваа делница денеска изврши градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов. – Денеска ja почнуваме реконструкцијата на коловозот на дел од улицата „Ѓорче Петров“ во должина од околу 1. 500 метри. Градежните работи очекуваме целосно …

(Видео) Се реконструира улицата „Ѓорче Петров“ Read More »

ЕБОР: Скопје и Тирана стануваат еколошки градови


Скопје, главниот град на Северна Македонија и Тирана, главниот град на Албанија, се двата града кои активно бараат нови начини да станат позелени, преку подобрување на квалитетот на воздухот и водата, почисто централно затоплување, поефикасни општински и приватни згради, пошумување или поттикнување на помало користење на приватните автомобили, соопштуваат од Европска банка за обнова и …

ЕБОР: Скопје и Тирана стануваат еколошки градови Read More »

Ќе се пробива нова улица кај трговскиот „Зебра“


  Општина Центар најавува капитални инфраструктурни проекти во текот на летото, односно реконструкција, рехабилитација и изградба на десетина улици и тротоари на територијата на општината на кои, во зависност од потребите, ќе биде направена обнова на атмосферска, фекална и водоводна улична мрежа. Со проектот ќе бидат опфатени улици во населбите Водно, Буњаковец, Дебар Маало, Маџир …

Ќе се пробива нова улица кај трговскиот „Зебра“ Read More »

Се реконструира улицата „Лазар Личеноски“


Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа првата фаза од реконструкцијата на коловозот на улицата „Лазар Личеноски“ во централното градско подрачје. Увид во градежните работи на оваа делница денеска извршија градоначалникот Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. – По рекордно брзата реконструкција на улицата „Љубљанска“, еве не денеска на една од најоштетените …

Се реконструира улицата „Лазар Личеноски“ Read More »