Активности за чистење на кејот на Вардар


Комуналната служба на Општина Аеродром заедно со ЈП „Паркови и зеленило“ од вчера почна со активности за чистење на кејот покрај реката Вардар.

Од прес-службата на Општина Аеродом соопштуваат дека активностите за чистење на кејот се одвиваат на потегот од мостот „Близнаци“ во Ново Лисиче, кон улицата „Тодор Чангов“.

Од таму соопштуваат дека активностите за почисти јавни површини продолжуваат и во наредниот период.