Вечерва и утре затворен мостот „Гоце Делчев“


Фото: Б.Грданоски

Од 17 до 22 часот денеска и утре, ќе биде затворен за сообраќај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, поради реконструкцијата на мостот, најави градоначалникот Петре Шилегов.

„Вечерва го затвораме мостот „Гоце Делчев“ во правец од ТЦ „Мавровка“ кон Влада во периодот од 17 до 22 часот, а утре во истиот период во обратниот правец. Мораме да извршиме реконструкција и на тој мост“, рече Шилегов, на прес-конференција на почетокот на реконструкцијата на коловозот на улицата „Московска“ во Карпош.

Фото: Б.Грданоски

При крајот на мај, градоначалникот Шилегов најави дека ќе се работи на дилатација на мостот, а градежните работи ќе траат во текот на летниот период.

Тој повторно апелираше до учесниците во сообраќајот да се придржуваат на патната сигнализација и  да имаат трпение поради метежот што се создава поради изведувањето градежни работи на улиците.