Маалските концерти на фејсбук ги гледаат над 50.000 луѓе


Голема е гледаноста на социјалните мрежи на маалските концерти на отворено, велат од Град Скопје кои стојат зад организирањето на настапите. Вчерашните маалски концерти на социјалните мрежи имаат над 50.000 прегледи, соопштија од Град Скопје. Во рамки на програмата „Култура за време на корона“ вчера на повеќе локации низ Скопје настапија Арда Мустафаоглу, Емилија Потевска […]

ЈСП од утре вози по саботен ред во две смени


Од ЈСП Скопје потсетуваат, дека автобусите од градскиот превоз и приватните превозници од утре, понеделник (27.04.2020 год) продолжуваат да сообраќаат во две смени, односно од 5 до 9 часот, па од 13 до 19 часот. Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по […]

Град Скопје со програма од шест изведувачи за денеска во рамки на програмата „Култура во време на Корона“


После вчерашните концерти на отворено во Топанско Поле на Артан Кастрати и групите Funk Shui и Musaiq кај Млечен, денеска ќе настапат шест изведувачи како дел од програмата „Култура во време на Корона“ што ја спроведува Град Скопје за подрршка на културните работници. -Со почеток во 11.30 часот, на фејсбук страницата на Град Скопје ќе […]

Автобусите на ЈСП утре од 5 до 15 часот, во полицискиот час нема да возат


Јавниот превоз од утре, сабота (25 април) од 15 часот до понеделник (27 април) до 5 часот, нема да функционира. Ваквиот режим е согласно одлуката на Владата за забрана на движење на граѓаните во посочениот период, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Автобусите од јавниот превоз утре, сабота (25 април) ќе сообраќаат од 5 до 15 […]

Во Аеродром нема да се плаќа закупнина за деловен простор


Советот на Општина Аеродром донесе одлука за ослободување од закупнина на корисниците на деловен простор на подрачјето на Општина Аеродром за време на вонредната состојба.Исто така, советниците изгласаа доделување финансиска поддршка на Црвен крст за справување со КОВИД 19. – Во таа насока беше донесена и одлуката за користење средства од постојната резерва од буџетот […]

ЈСП ќе сообраќа во две смени, по саботен возен ред


Ги потсетуваме корисниците на јавниот превоз, дека автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од утре, вторник (21.04.2020 год) продолжуваат да сообраќаат во две смени, односно од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот. Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои […]

Градоначалниците на Скопје со освежителни пијалоци во посета на полицајците


Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, во придружба на градоначалниците на скопските општини и заменик-министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска, денеска беа во посета на поголем број полициски пунктови низ општините, а го посетија и СВР Скопје. При денешната обиколка, скопските градоначалници на сите службеници на МВР на пунктови, полициски станици и мобилни патроли им даваа освежителни […]

Отсега вода ќе се плаќа и преку мобилен


ЈП Водовод и канализација – Скопје е прво јавно претпријатие во регионот кое воведува мобилна апликација достапна за Android и IOS. Следејќи го технолошкиот развој ова претпријатие овозможува пристап до своите услуги на брз, лесен и едноставен начин, со воведување на мобилна апликација. Со инсталирање на апликацијата се регистрирате како електронски корисник и преку мобилната […]

(Фото) Редици пред маркетите, редари пред поголемите дуќани


Некаде со извидници, некаде со полиција или со војска, денеска пред маркетите се воспоставуваше ред за да не дојде до ширење на вирусот корона. На два метри меѓу нив, со маски, ракавици граѓаните се обидуваа да ги набават потребните намирници пред почетокот на најдолгата изолација која ни следи од 16 часот денеска, до 5 часот […]

Започна финалното асфалтирање на Пластичарска улица


Град Скопје соопшти дека денеска започна финалното асфалитрање на булеварот „Никола Карев“ односно познатата Пластичарска улица. Изминатиов период интензивно, со засилено темпо и ноќно работење се реконструираше и прошири овој булевар којшто е еден од најважните сообраќајници во Скопје бидејќи поврзува четири општини – Гази Баба, Чаир, Центар и Карпош. Затоа, оваа реконструкција е посебно значајна […]

Извидници прават ред пред продавниците во Карпош


Од утрово пред продавниците во Општина Карпош извидници се грижат за одржување на редот. За претстојниот викенд Владата одлучи да воведе 85 часовен карантин, односно од 16 часот попладнево до 5 наутро во вторник. Имајќи предвид дека три дена граѓаните треба да останат дома, а викендов е и Велигден, сите побрзаа да купат што е […]

ЈСП: Јавниот превоз утре од 5 до 9 часот и од 13 до 16 часот, но, по неделен возен ред


ЈСП соопшти дека утре (17 април) јавниот превоз ќе сообраќа во две смени, од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот, но, по неделен возен ред. Пример за преглед, согласно неделен возен ред, линијата 5 почнува да сообраќа од 5.10 ч, па се реализираат сите термини се до последниот термин во 9 […]

Масовно се трујат кучињата за време на полициски час


Здружението за унапредување и заштита на благосостојбата на животните „Дејзи Фемили“ извести дека во последниов период, поконкретно откако стапи на сила полициски час на територијат, забележан е зголемен број труења на бездомни животни, но и на кучиња со сопственици. Се работи за расфрлање на отровот Метомил попознат како „Ланате“, на повеќе јавни површини во повеќе реони низ […]

В петок времен сообраќаен режим на дел од Пластичарска улица 


Градот Скопје известува дека поради изведување градежни работи за асфалтирање на булеварот Никола Карев (познатата Пластичарска улица), на 17.04.2020 година (петок) комплетно ќе биде затворен за сообраќај дел од неговиот коловоз, на потегот од крстосницата со улицата Македонско-косовска бригада до крстосницата со улицата Самоилова, во периодот од 8:00 часот до 00:00 часот. Додека траат градежните […]

Комунална хигиена ќе подига отпад во три смени секој ден во неделата, вклучувајќи го и Велигден


Јавното претпријатие Комунална хигиена-Скопје информира дека во текот на изминатите 24 часа, нивите екипи собрале и транспортирале речиси 1000 тони комунален отпад од подземните и надземните контејнери на територијата на главниот град. Поучени од минатонеделното искуство и увидувајќи дека отпадот во Скопје не можат да го соберат работејќи само прва смена, од ова јавно претпријатие […]

(Галерија) Старата скопска чаршија место дупки и вирови, ќе добие стабилни улици


Автентичноста на Старата скопска чаршија нема да биде нарушена, тврдат и од Владата од Општина Чаир, во чии рамки се наоѓа чаршијата. Проектот што во моментот се изведува во чаршијата е со цел да се заменат оштетените плочки, уништени од атмосферски влијанија, возила за достава и слично, а воедно да се постави подземна електрична и […]

И Владата тврди дека ќе се зачува автентичноста на Старата скопска чаршија


Во реставрацијата и санацијата на автентичниот лик на Стара Чаршија се запазени сите процедури за заштита на автентичноста според програмата на Националниот Совет за ревитализација на чаршијата како културно наследство од особено значење. Во рамките на проектот за Локална и регионална конкурентност (ПЛРК), Општина Чаир аплицираше со под-проектот „Промоција на чаршиски туризам во Општина Чаир“. […]

Ганиу: Травертинот се класифицира и ќе се врати на улиците во Старата чаршија


Со пари од Светска банка и со сите дозволи од Управата за заштита на културното наследство, Општина Чаир реконструира дел од улиците во Старата скопска чаршија, се правда градоначалникот Висар Ганиу, по силната реакција на јавноста дека во сред пандемија од корона вирус се менува калдрмата. Ганиу вели дека каменот е травертин кој се вади […]

Собрани 1.000 тони ѓубре во Скопје


Во текот на изминатите 24 часа, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје собраа и транспортираа речиси 1000 тони комунален отпад од подземните и надземните контејнери на територијата на градот Скопје. Контејнерите се празнеа во текот на целата ноќ, по што посебни екипи поминуваа да го отстранат и транспортираат отпадот што беше расфрлен во околината на садовите. […]