Шилегов: Нема план што би го намалил загадувањето на воздухот, но има мерки

Ф

Со оглед на тоа што следуваат зеимски месеци и вообичаенот воздухот во главниот град е позагаден, градоначалникот Петре Шилегов вели дека нема план со кој би се спречило загадување, но постојат бројни воведени мерки.

– Не постои план со којшто ќе спречите загадување на воздухот. Постојат мерки со кои се придонесува за намалување на загадувањето – рече Шилегов прашан дали имаат план како да се намали загадувањето на воздухот, за кое се смета дека придонесува и за ширење на Ковид-19..

Шилегов рече дека во последните две години во Скопје се воведени 27 мерки кои градот претходно ги немал, а сега со нив се придонесува во последните две години воздухот во главниот град да не е екстремно загаден.

Шилегов рече за тоа придонесува субвенционирањето тротинети, велосипеди, потоа субвенционирањето замена на греењето со поеколошки енергенси, новите автобуси за ЈСП на гас и слични мерки.