Богоев до учениците и наставниците: Да ги почитуваме мерките


Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев денеска го посети Основното училиште „Лазо Трповски” во населбата Карпош 3.

Заедно со директорката на училиштето и службите имаа можност да видат како се одвива наставата со физичко присуство и онлајн предавањата.

Како што соопшти Општина Кисела Вода, во текот на посетата тие поразговараа и за алгоритмите и постапката за изолација на ученик или наставник во случај на појава на заболено лице од Ковид – 19.

– Никој не може и не смее да ги занемари повисоките бројки на заболени лица.Училиштата мораат да бидат подготвени и да постапуваат согласно насоките добиени од здравствените власти. Како општина правиме сѐ што можеме. Обезбедивме повеќе средства за дезинфекција на образовните установи, набавивме ИТ опрема за наставниот кадар, за непречено да се одвива наставата. Сепак, никој не може да вети целосна подготвеност, затоа да бидеме одговорни и претпазливи, изјави Богоев.

Општина Карпош ги повикува сите ученици, наставници и родители да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид – 19.