Од септември ЈСП ги враќа билетите од хартија за едно возење


Фото: Б. Грданоски

Од септември во автобусите на ЈСП-Скопје повторно ќе може да се купи хартиен билет за едно возење. Градот Скопје треба првично да го одреди цената на билетот, а следи и постапката за тендерот за набавка на 300.000 хартиени електронски билети, кои се адекватни на постојниот систем за плаќање во јавниот превоз.