Од среда ќе се прска против комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека третата фаза од авионската и од терестричната дезинсекција на подрачјето на Скопје против возрасни форми на комарци ќе почне на 03.07.2019 година (среда).
Имено, авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје ќе се одвива на 03.07.2019 година (среда) и на 04.07.2019 година (четврток), во раните утрински часови.
Терестричната дезинсекција на подрачјето на Скопје ќе почне, исто така, на 03.07.2019 година (среда) и ќе заврши најдоцна до 06.07.2019 (сабота). Оваа дезинсекција ќе се одвива во периодот од 23 до 04 часот, наредниот ден.
Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.