Ердоган го поддржува процесот за решавање на спорот со Грција


Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев,за време на  неговата посета во Турција, попладнево се сретна со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. -Ердоган даде поддршка на добрососедските политики што ги води Македонија, и го поддржа процесот за решавање на спорот со Грција и оцени дека е тоа добро за Балканот и за евро-атлантските перспективи на […]

Талат во Лондон оди, триесетина со себе води


Близу триесетина пратеници, предводени од спикерот Талат Џафери, заминуваат утре за Велика Британија за да присуствуваат на конференција во Вилтон Парк, каде што ќе се дебатира за дијалогот и процедурите во македонскиот парламент, поточно на тема „како да се изгради понезависен и поефикасен парламент“. Од Собранието не сакаа денеска да откријат повеќе детали за настанот, […]

Заев – Кахраман: Турција ги поддржува интеграциите на Македонија во НАТО


Република Турција е голем пријател на Макединија, ќе ја развиваме економската соработка за што има и услови и интерес од двете страни, а за обезбедување квалитетен живот и перспективи на граѓаните и државата, многу се важни членството во НАТО и ЕУ. Ве повикувам, како Парламент на една голема пријателска земја, да продолжите да не поддржувате […]

Груевски: Против мене се води политички процес


Ова е политички процес против мене како и сите други обвиненија на СЈО, рече поранешниот премиер, Никола Груевски, на денешното рочиште за случајот „Тенк“, односно набавката на „мерцедесот“ од 600 илјади евра, за што покрај него, обвинети се и екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски. Реагираше судијката […]

„Тенк“ продлжува во петок, одбиени сите приговори на одбраната на Груевски


Судечкиот совет ги одби сите приговори на одбраната во случајот „Тенк“, во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот „Мерцедес“ од 600 илјади евра. Обвинетите нема да ги добијат прислушуваните материјали во аудио форма и тие во овој предмет ќе […]

Ѓорчев: Македонија да се приклучи на Евроатланската иницијатива „Трите мориња“


ВМРО-ДПМНЕ ќе поведе надворешно политичка иницијатива за пристапување на Република Македонија кон иницијативата „Три мориња“ во која што членуваат дванаесет европски земји во триаголникот на морињата од Балтикот, од Црно Море и од Црно Море до Јадранското море. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги насочи своите надворешно политички ресурси, иницијативи и контакти со цел за обезбедување на Република […]

Момчето на Калина во последен момент ѝ побегна на смртта


Од Планинарскиот клуб „Трансверзалец“, кои беа организатори на кобната викенд-тура во Грција, одбиваат да одговорат на клучните прашања во врска со истрагата за смртта на двајцата планинари. Зошто се тргнало кон врвот Кајмакчалан кога дувал разорен ветер од 150 километри на час, а температурата била минус 20 и имало многу снег, дали планинарите биле соодветно […]

Сугарески: Следниот месец оглас за распределба на 79 социјални станови


Министерството за транспорт и врски следниот месец ќе распише оглас за распределба на 79 социјални станови низ повеќе градови во државата, од кои 59 се за лица од социјален ризик и 20 за лица со ниски примања. – Најважно ни е постапката која ќе се води да биде максимално транспарентна. Тврдам дека нема да дозволиме […]

Македонска Каменица ќе троши пари за каранфили и бањарки за 8 Mарт


Општина Македонска Каменица планира за 8 Mарт, Денот на жената да подарува каранфили и бањарки. За таа намена ќе потроши околу 85.000 денари од општинскиот буџет. Кои дами ќе бидат почестени со општинското внимание, официјален одговор не добивме. Во случајов, дама ќе подарува на дами, имајќи во предвид дека на чело на Општината е жена. […]

Таравари: За 100 дена, плативме над 300 илјади евра наследени долгови


Арбен Таравари, градоначалникот на општина Гостивар, денеска ги презентираше постигнатите резултати на новото општинско раководство за првите 100 дена од мандатот 2017-2021 година. Како најкрупни, ги наведе намалување на долговите и влијанието на политиката во сферата на образованието. – Го деполитизиравме образованието со назначување на директори предложени од училишните колективи. Советот на млади има ново […]

Јанкуловска изрази сомнеж во вештачењата за набавениот „Мерцедес“


Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која е една од обвинетите за случајот „Тенк“ на денешното рочиште во Кривичниот суд рече дека кај неа како обвинета постои сомнеж за објективноста на изработените две вештачења за набавениот „Мерцедес“. – Ниту јас како обвинета, ниту моите бранители немавме можност да учествуваме со свои предлози и забелешки […]

Адвокатите приговараат на сѐ за мерцедесот од 600 илјади евра


Цели два часа адвокатите на овинетите во случајот „Тенк“, наизменично, приговараа на речеси сѐ што Специјалното јавно обвинителство го доставило како доказ до нив и до скопскиот Кривичен суд за предметот кој се однесува на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра, набавен за поранешниот премиер Никола Груевски. Сѐ почна со барањето на адвокатот Боро Тасевски, […]

Ципрас: Сложено име што ќе важи за сите, и за меѓународна и за домашна употреба


Сложено име и за надворешна и за внатрешна употреба, за кое треба уставна промена и повлекување на секакви сомнежи за иредентистички ставови, е рамката што го гарантира затворањето на проблемот, според грчкиот премиер. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, Алексис Ципрас, на состанокот на пратеничката група на СИРИЗА, освен за економијата и скандалот […]

Родители во одбрана на воспитувачката која наводно тепала дете


Вкупно 42 родители на деца од градинката „Срничка“ во Аеродром се јавија во одбрана на воспитувачката за која пред извесно време беше пласирана информација дека истепала дете. Родителите кои имаат деца во групата што ја води воспитувачката, како и на деца од претходната група на истата воспитувачка, потпишале изјава што ја доставиле до Државниот инспекторат […]

Стопанска комора: Логично е и Македонија да го укине летното и зимското сметање на времето


Доколку Европската Комисија одлучи да се укине летното и зимското сметање на времето логично би било одлуката да се примени и во државава, со оглед дека ЕУ е нашиот најголем надворешно трговски партнер и над 80 отсто од нашиот извоз е насочен на европскиот пазар, е став на Стопанската комора. – За да не постојат […]

Заев-Јилдирим: Турција ја поддржува Македонија за НАТО


Премиер на Република Македонија Зоран Заев денеска се сретна со турскиот премиер Бинали Јилдирим, во рамки на официјалната посета на Република Турција, придружуван од министерот без ресор, Аднан Ќахил, пратениците во Собранието, Енес Ибраими и Јусуф Хасан и државниот секретар во МНР, Виктор Димовски. На почетокот на средбата, соопшти владината прес-служба, премиерот Заев изразил сочувство […]

СЈО бара преведувач за плата од 1.500 евра месечно


Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, односно СЈО, бара преведувач кој ќе го плаќа 1.500 евра месечно. Обврска на ангажираниот преведувач ќе биде дневно да преведува 10 страници, односно 1.800 јазични знаци. Ќе треба да преведува и од македонски на англиски јазик и […]

МЗ го разгледува предлогот пациентите да избираат матична амбуланта, а не матичен доктор


Олеснување на работата на лекарите и пристапот на пациентите до примарното здравство, кои веќе нема да мора да внимаваат дали нивниот матичен лекар или неговата замена е на смена и во секое време да можат да отидат на лекар, е целта на предлогот од матичните лекари кој се разгледува во Министерството за здравство. – Во […]

Груби на ручек со Нимиц: Решението мора да биде достоинствено


Пратеникот на ДУИ Артан Груби, во Њујорк, имаше работен ручек со посредникот на Обединетите нации за спорот со името, американскиот дипломат Метју Нимиц. Груби, како што стои во информацијата објавена на собранискиот сајт, му ги пренел на Нимиц сите впечатоци од интензивните средби во Вашингтон, вклучувајќи ги и опсервациите и од другите соговорници во периодот […]

Бесплатни прегледи и пливање за децата со деформитети на ‘рбетот


Во Општина Карпош започнуваат бесплатни прегледи за рано откривање на деформитети на ‘рбетниот столб кај учениците од шесто до деветто одделение. Учениците кај кои ќе бидат утврдени деформитети, ќе можат три пати неделно, бесплатно да вежбаат во базенот на Институтот за физикална медицина и рехабилитација. Станува збор за проект на Општината во соработка со ЈЗУ „Институт […]