Бесплатни прегледи и пливање за децата со деформитети на ‘рбетот


Во Општина Карпош започнуваат бесплатни прегледи за рано откривање на деформитети на ‘рбетниот столб кај учениците од шесто до деветто одделение. Учениците кај кои ќе бидат утврдени деформитети, ќе можат три пати неделно, бесплатно да вежбаат во базенот на Институтот за физикална медицина и рехабилитација.

Станува збор за проект на Општината во соработка со ЈЗУ „Институт за физикална медицина и рехабилитација“.

Прегледите веќе почнаа денеска, во основното училиште “Лазо Трповски”.

„Во период кога најмладите постојано се пред својот компјутер, мобилен или телевизор овие прегледи ќе овозможат  превенција на учениците, но и третирање на евентуалните деформитети преку часови по пливање под надзор на стручни лица“, изјави денеска градоначалникот Стефан Богоев.