Адвокатите приговараат на сѐ за мерцедесот од 600 илјади евра


Цели два часа адвокатите на овинетите во случајот „Тенк“, наизменично, приговараа на речеси сѐ што Специјалното јавно обвинителство го доставило како доказ до нив и до скопскиот Кривичен суд за предметот кој се однесува на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра, набавен за поранешниот премиер Никола Груевски.
Сѐ почна со барањето на адвокатот Боро Тасевски, кој инсистираше на одбраната да ѝ се дадат сите аудио снимки и тоа не само во случајот каде како обвинети се јавуваат Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски, туку и во сите други каде СЈО се јавува ка поднесител на обвинителни акти.
„СЈО не докажа својата надлежност во постапувањето“, изјави адвокатот Тасевски, на што реагираше обвинителот Стефчо Донев кој рече дека предлозите на одбраната се неосновани, бидејќи судот веќе се има произнесено по прашање на аудио снимките и истите се прифатени како докази.
Целиот текст на правосудство.мк