Таравари: За 100 дена, плативме над 300 илјади евра наследени долгови


Арбен Таравари, градоначалникот на општина Гостивар, денеска ги презентираше постигнатите резултати на новото општинско раководство за првите 100 дена од мандатот 2017-2021 година. Како најкрупни, ги наведе намалување на долговите и влијанието на политиката во сферата на образованието.

– Го деполитизиравме образованието со назначување на директори предложени од училишните колективи. Советот на млади има ново раководство, без да влијаеме на изборот. За само 100 дена, со екстремно рационализирање плативме над 300.000 евра наследен долг. Од превозот на ученици, без фаворизирање на одредени компании, успеавме да заштедиме 250 илјади евра, пари кои ќе ги искористиме за инвестиции за подобрување на условите во училиштата, рече Таравари на прес конференција.

Тој, напомена дека со поддршка на донатори и бизнисмени од Гостивар најдено е решение за проблемот со покривот на училиштето „Гоце Делчев”, а во блиска иднина, како што рече, и трајно решение.

Таравари очекува оваа пролет да се стави во функција и филтер станицата за вода за пиење, а подвлече и дека со помош на амбасадата на Швајцарија ќе започне уредувањето на депонијата Русино за што е потпишан и меморандум со девет полошки општини. Градоначалникот најави и измени на начинот на јавното осветлување, а се пофали и со реогранизрање на администарцијата и зголемни ефекти од тоа.

– Формиравме екипа за протоколот и односи со јавноста, со цел да ја зголемиме транспарентноста и да го олесниме слободниот пристап до информации од јавен карактер. Првпат во општина Гостивар е презентиран предлог-буџетот пред граѓаните и имаше јавна дебата. Ги зголемивме даночните приходи за околу 20 отсто во јануари 2018 година, споредено со истиот месец минатата година. Тоа говори дека е зголемена довербата на граѓаните кон институцијата општинска администрација, рече Таравари.

Во излагањето „за стоте дена работа“ Таравари ги напомена остварените средби и контакти со повеќе бизнисмени и потенцијални инвеститори од земјава и од странство, при што им изразил подготвеност за пружање инфраструктурни поволности како би се реазлизрале нивните инвестиции.

– Остваривме бројни средби со амбасадори, како во општина Гостивар, така и во седиштата на амбасадите. Се сретнавме и со градоначалниците на две важни престолнини на Албанците, Тирана и Приштина, истакна тој.

На крајот од презентацијата, Таравари информираше дека општина Гостивар доби грант од УНДП и Европската унија во вредност од 120 илјади евра