Борисов: ЕУ ќе направи историска грешка ако ги одбие Скопје и Тирана


Северна Македонија и Албанија треба да добијат датум за преговори. Би се направила историска грешка ако не им допуштиме да ги почнат преговорите. Тоа ќе биде тежок удар за народите на двете држави кои заслужуваат да им биде дадена европерспектива, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на состанокот на лидерите на ЕУ на […]

Меркел со песимистичка изјава: Шансите за датум не се добри


Денешната изјава на германската канцеларка Ангела Меркел во Бундестагот пред да отпатува во Брисел е песимистичка. Според неа не се добри шансите за давање датум за почеток на преговори со Северна Македонија. ,,Ние се залагаме за преговори, и покрај транспарентниот и подобар процес кој се бара, но верувам дека Албанија и Северна Македонија се вредни […]

Заев на состанок на ПЕС: Tешките одлуки се влог во подобра иднина


Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во Брисел учествуваше на состанок на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), на кој учествуваа и првиот човек на Европскиот парламент, Давид Марија Сасоли, премиери, еврокомесари и други политички лидери од ПЕС. Како што соопшти СДСМ, на средбата биле поздравени и поддржани прогресивните политики на Северна Македонија, предводени од претседателот […]

Централниот регистар, начелно, ги преброја граѓаните


Централниот регистар на население, што денеска беше пуштен во употреба од Министерството за јавна администрација и инфроматичко општество, покажа дека Северна Македонија има повеќе од 2,6 милиони граѓани. Односно, тоа значи дека 2.618.391 луѓе имаат македонско државјанство. Како што појасни министерот Дамјан Манчевски во регистарот има запишани 2.867.892 лица, но 2.618.391 лице се водат како […]

Села: Ако не добиеме датум, на пролет да се одржат избори


Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села вчера на дебатниот магазин Click Plus на ТВ21 рече дека доколку не добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ,треба да се направи техничка Влада согласно Пржинскиот договор и на пролет да се одржат вонредни парламентарни избори. Во гостувањето, тој упати јавна покана до поранешниот кандидат за претседател, […]

Централниот регистар на население овозможува пристап до електронски услуги


Министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски денеска го претстави Централниот регистар на население. Податоците ќе бидат користени од надлежните институции за потребите при давање на услуги. Регистарот ќе биде помошна алатка при спроведување на Попис и при пречистување на Избирачкиот список. При промена на личен податок во една институција, промената ќе биде […]

„Рециклирате ли!?“: Амбасадори во еко-акција за почист кеј покрај Вардар


Во најновата еко-акција, што се спроведе денеска во рамки на повеќегодишната платформа „Рециклирате ли!?“, од патеките и бреговите на двете страни на реката Вардар во скопските општини Аеродром и Гази Баба, беше собран целиот сув отпад кој понатаму ќе биде соодветно селектиран и рециклиран. За вадењето на отпадот од реката, пак, се погрижија нуркачите од […]

Децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во мали гупни домови


Нов групен дом каде ќе живеат деца до 18 години кои претходно престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“, а имаат интензивна потреба од поддршка и рехабилитација беше отворен денеска во Скопје. -Денеска како држава може да бидеме горди затоа што конечно сивиот дом во нашата држава и во социјалниот систем заминува во историјата. Поранешната институција […]

Француските медиуми за противењето на Париз за старт на преговорите со Македонија и Албанија


Франција – Медиумите во Франција му посветуваат големо внимание на противењето на Париз за почеток на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, притоа изразувајќи неразбирање за позицијата на француската дипломатија и на шефот на државата Емануел Макрон. Парискиот весник „Ле Монд“ под наслов „Франција и Холандија им ја затворија вратата на […]

Кетрин Ештон: ЕУ мора да ја награди Северна Македонија


ЕУ мора да ја награди Северна Македонија заради Преспанскиот договор, кој беше многу тешко да се постигне, изјави во Белград поранешната висока претставничка на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, Кетрин Ештон, додавајќи дека токму во тоа е вредноста на ЕУ. – Знам дека сакате јасна европска перспектива и временска рамка. На владеење на […]

Шекеринска: Сегашната политичка опција ја донесе земјава до членство во НАТО и преговори со ЕУ


Коалициските партнери, кои стојат зад Владата имаат консензус по двете стратешки прашања – членство во НАТО и членство во ЕУ. Покажавме дека и на двата плана имаме резултати, изјави денеска во Куманово министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со можноста да падне Владата и да се разниша владејачката коалиција доколку […]

Дино Мерлин ќе ги забавува скопјани за Нова година


Регионалната поп-ѕвезда, Босанецот Дино Мерлин со неговата група ќе ги забавува скопјани на новогодишната ноќ. Ова денеска го обзнанија скопскиот градоначалник, Петре Шилегов и лично Дино Мерлин. Шилегов најави дека и оваа година на плоштад „Македонија“ ќе биде поставена новогодишната населба Винтерленд која ќе го збогати празничниот амбиент во градот во пресрет на Новогодишните и […]

Средба Заев-Тимерманс: Остварувањата на земјава да се испочитуваат со одлука за старт на преговорите


Европската Унија сега треба да го направи решавачкиот чекор и да донесе одлука за старт на преговорите за пристапување во членство за Република Северна Македонија, со што ќе се испрати силна порака и до другите земји во регионот дека донесувањето тешки и одговорни одлуки, како и длабоките реформски процеси, се влог за подобра иднина, оценија […]

Пендаровски: Лобираме до последен момент за датум за преговoри, евроинтеграцијата нема алтернатива


Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека државниот врв лобира до последен момент да се добие датум за преговри и формулација која ќе ги вреднува напорите на земјата во изминатиот период. Конечната одлука на ЕУ би требало да се знае утре попладне, но и во случај на негативна одлука, шефот на државата смета дека евроитеграцијата останува […]

Проширувањето на дневен ред на Самитот на ЕУ вечерва, Франција не попушта


Белгија – Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, ја утврди агендата на дискусиите на дводневниот Самит на ЕУ. Проширувањето ќе се разговара за време на вечерата, по дискусиите за Брегзит, кои би требало да се одвиваат побргу од очекуваното откако Брисел и Лондон постигнаа договор пред малку. Според висок функционер на Европската Унија инволвиран во подготовката […]

Подобрени институционални капацитети, но и недостаток на мерки за справување со трговијата со луѓе и криумчарењето на мигранти


Во пресрет на Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, Македонското здружение на млади правници (МЗМП) денеска го промовираше Извештајот на тема „Трговија со луѓе и криумчарење на мигранти во Северна Македонија“, кој има за цел да ја запознае јавноста со ризиците и проблемите со кои се соочуваат бегалците и мигрантите, нивната ранливост, неопходноста […]

Меркел признава: Шансите за датум не се добри


Шансите за постигнување согласност на Самитот на ЕУ за давање датум за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија не се добри, оцени германската канцеларка во владината изјава дадена денеска во Бундестагот, пренесува Дојче Веле. – Ние имаме одговорност кон овие држави. Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им […]

Вишеградската група бара дебата на Самитот на ЕУ за старт на преговорите


Премиерите на државите членки на Вишеградската група синоќа побараа од претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск да иницира дебата за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија за време на Самитот на ЕУ, што денеска и утре ќе се одржи во Брисел. Во писмото до Туск, премиерите на Полска, Словачка, Унгарија и Чешка […]

Стотина социјално загрозени семејства од Кавадарци добија прехранбени пакети


На светскиот ден против сиромаштијата, стотина социјално загрозени семејства од Кавадарци денеска добија прехранбени пакети од Банката за храна, која подолг период е активна во општината и им помага на најсиромашните со храна и хигиенски средства. Роберто Паризов, претседател на еколошкото друштво ,,Еко-живот”, кој е активист во Банката, рече дека таа е меѓу лидерите во […]

Судењето за „Титаник“ одложено за 22 октомври


Поради барање на обвинителката Лиле Стефанова за одлагање на судењето за предметот „Титаник“ на ЈО денешното рочиште е одложено за 22 октомври. Судијата Осман Шабани информираше дека обвинителката е отсутна поради службени оврски за закажан состанок со оценска мисија на ЕУ. Врз основа на известувањето службено отсутен е и судијата Огнен Ставрев. Случајот „Титаник“ се […]