Судењето што го следеше амбасадорката заврши за половина час


Судењето во Кривичниот суд, кое вчера го следеше амбасадорката на САД во Скопје, Кејт Брнс, почна и заврши за половина час. Брнс заедно со претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, во малата судница го следеше судењето за скопјанка обвинета за користење и продажба на дрога за да види како функционира новата опрема за аудиоснимање, која […]

Руте: Северна Македонија има постигнато повеќе од Албанија


Германија – Холандија е помалку загрижена за Северна Македонија, а повеќе за Албанија, во однос на одлуката за одредување датум за почеток на преговорите со ЕУ оваа есен, изјави холандскиот премиер Марк Руте. Тој синоќа во Берлин се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел, но според протоколот од состанокот, проширувањето на ЕУ не било на агендата. […]

Парламентарното собрание на Советот на Европа го поздрави напредокот постигнат од Северна Македонија


Франција – Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) го поздрави напредокот постигнат од 2013 година од страна на властите на Северна Македонија, наведувајќи пет области што ќе продолжи да ги оценува во следниот извештај, јавува дописникот на МИА од Стразбур. Во резолуцијата усвоена доцна вчера вечер врз основа на извештајот на Лиз Кристоферсен (Норвешка, Социјалист) и Александар […]

Законот за покачување на платите во јавната администрација пред пратениците


Собранието на Република Северна Македонија денеска по скратена постапка треба да го разгледа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, со кој треба да се овозможи покачување од пет отсто на платите во јавната администрација. Вчера од Владата најавија дека септемвриската плата со ветеното покачување од […]

Нема веќе градење покрај Охридско Езеро


Планот за управување со природното и културно наследство во Охридскиот Регион е подготвен и денеска треба да биде објавен на веб-страниците на трите општини во регионот (Охрид, Струга, Дебрца), како и на веб-страниците на Министерствата за култура и за животна средина. Со тоа што нацрт-планот ќе биде достапен за стручната и пошироката јавност, предвидени се […]

Архимандрит Партениј и Сотировски разговараа за одблежувањето на големиот јубилеј на Бигорски


Игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј, во придружба на неколку монаси од Бигорски и монахињи од манастрот„ Свети Георгиј Победоносец“ од селото Рајчица, имаше работна средба со Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, информираа од Бигорскиот манастир. -На средбата беа присутни, и повеќе познати личности од културно-општествената сфера […]

Османи: Самитот на ЕУ во октомври е историски момент кој ќе ја одреди иднината на прошиувањето


Дилемите на Франција за проширување на ЕУ не се однесуваат на Република Северна Македонија, тие очигледно ги препознаваат и признаваат успесите и на политички план и во делот на реформите со сите очекувања да се направи повеќе, истакна вечерва вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи на дебата на Тв Телма. Според него, дилемите на Франција се […]

Чепреганов: Живееме во општество каде обичниот човек е изманипулиран и владее агресија


Во Македонија царуваат агресијата, насилството, омразата, злобата, зависта, љубомората и паранојата. Тоа го прават партиите. Обичниот човек треба сам да расудува кој го лаже и го манипулира. Ова го тврди професорот Методиј Чепреганов, признат невропсихијатар и епилептолог кој попладнево во прилепската градска библиотека „Борка Талески“ пред прилепчани одржа предавање, и воедно ја претстави книгата: „Агресија […]

Француската одлука за преговори со Северна Македонија ќе ја носи лично Макрон


Нема напредок во заедничката позиција на Европската унија за одлуката за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Франција сѐ уште нема конечен став, се чека на претседателот Макрон лично. Од Советот на ЕУ за МИА информираат дека не се донесени нови нацрт заклучоци за Северна Македонија и Албанија на денешниот амбасадорски совет во […]

Глутници бездомни кучиња и пред зградата на општина Тетово


Тетовци и пред зградата на општина Тетово секојдневно се среќаат со голем број бездомни кучиња, па алармираат дека не можат безбедно да се движат. Ова посебно важи за утринските часови кога одат на работа или носат деца во училишта и градинки. -Глутници кучиња наутро има и пред зградата на општина Тетово, а се случува да […]

Протест на полицијата: Кога униформа излегува на улица, што останува друго?


Припадници на полицијата, шумската полиција, судската полиција, како и затворската полиција, поддржани од полициски синдикати од повеќе земји, меѓу кои и од Бугарија, Србија и Словенија, денеска одржаа протест пред Владата, со барање да бидат зголемени нивните плати за 25 проценти и да се направат колективни договори. Протестите, организирани од Независниот синдикат на полицијата, се […]

Три заштитни зони и контролирана урбанизација во охридскиот регион


Владата сериозно го интензивира процесот на имплементација за препораките на УНЕСКО, кои се спроведуваат согласно предвидената временска рамка, а Нацрт-планот за управувањето со природното и културното наследство во охридскиот регион, како и студијата за проценка на влијанието на истиот, се финализираат. Ова беше истакнато на денешната заедничка средба со новинарите на министерот без ресор задолжен […]

Пендаровски: Одлуките за амбасадите ги носи Владата


Отворањето или затворањето на ДКП-та согласно законот е во надлежност на Владата и таа одлучува за тоа, изјави претседателот Стево Пендаровски на новинарско прашање на заедничката прес-конференција во вила „Водно“ со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ. Тој појасни дека анализата што по стапување на функцијата ја побарал и добил од МНР била со цел да слушне […]

Поранешните членови на ДИК се вдомуваат во Управен суд


Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, по примерот на неговиот колега Субхи Јакупи кој долго време беше член на ДИК, конкурирал и на денешната седница на Судскиот совет е избран за судија во Управниот суд. Како што јавува Нова ТВ, за Чичаковски гласаа 11 членови на Судскиот совет. Дел од членовите рекоа дека […]

Пендаровски и Ѓукановиќ: Посетата на Помпео е враќање на голема врата на САД во регионот


Посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на регионот во која се вклучени и Северна Македонија и Црна Гора претставува враќање на голема врата на САД во регионот, оценија на денешната прес-конференција во Скопје  претседателите на двете држави Стево Пендаровски и Мило Ѓукановиќ. Ѓукановиќ нагласува дека посетата е на линија на зголеменото присуство на САД […]

Уште една шанса за Јанева да излезе од притвор


Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева има уште една шанса пред судовите да излезе од притвор во Шутка. Нејзините адвокати пред неколку дена, односно на 26 септември, три дена откако обвинителката Вилма Русковска ја затвори истрагата за нејзе, поднесоа жалба на одлуката на судија на претходна постапка кој ја одби нејзината гарација од три стана за […]

Протест на НСП за враќање на достоинството на полицијата


Со барања да се врати достоинството на полицијата членството на Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска излезе на мирен протест. Во знак на револт поради ниските плати, вработени во полицијата, шумска полиција, судска и затворска полиција, кои се членови на Независниот синдикат на полицијата, со стотина возила денеска блокираа дел од улиците во Скопје. Протестот […]

Заев – Хависто: Силна поддршка за проширувањето на ЕУ и за позитивна одлука во октомври


Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто, на која била изразена поддршка за проширувањето на ЕУ, како и силна поддршка од Финска, којашто претседава со Европскиот совет за позитивна одлука во октомври на Самитот на Унијата, од кој нашата земја очекува датум за почеток на преговорите со Европската […]

Царовска: Познатиот Мајчин Дом во Битола успешно е трансформиран


Ова е историски ден затоа што повеќе немаме деца од нула до три години  сместени во институција, и тоа е голем исчекор за почитувањето на детските права и човековите права во нашата држава, истакна министерката Мила Царовска денеска во Битола, каде претстави еден од петте групни домови за сместување деца. За време на престојот во овој […]

Се постапува за дивоградбите во Охрид, се бара регистар и за Струга


Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека се работи според препораките на УНЕСКО за уривање на дивоградбите, оценувајќи дека е манипулација тврдењето оти сите дивоградби треба да бидат урнати до февруари и оти за активностите има јасна динамика и план. – Препораките на УНЕСКО треба да се спроведат, но не треба да […]