Корона вирусот го приземји и Хајко Мас, нема да дојде во Скопје


Германскиот шеф на дипломатијата Хајко Мас денес нема да дојде на конференцијата во рамките на Берлинскиот процес што е во тек во хотелот Хилтон во Скопје. Како што се дознава неофицијално, германскиот шеф на дипломатијата не можел да допатува бидејќи му бил откажан летот поради паниката што ја зафати Европа од корона вирусот.

Мас не е единствениот што нема да се појави денес на министерскиот состанок во Скопје, од кој требаше да се прати силна поддршка за датумот за преговори на Македонија со ЕУ. Поради откажан лет нема да присуствува ни италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо, како и преставникот од Франција, заменик генералниот секретар то тамошното МНР, Андре Парант.