Ѓукановиќ: Северна Македонија ја научи лекцијата и треба да добие сатисфакција од меѓународната заедница


Северна Македонија ја научи лекцијата од минатото и реално е да добие целосна сатисфакција од меѓународната заедница преку отворање преговори со ЕУ, што се очекува да се случи овој месец, и преку официјалниот прием во полноправно членство во НАТО. Ова го порача претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски […]

Децата лишени од слобода се соочуваат со страв, изолација и стигма


Изразено чувство на страв, изолација, самодискриминација, стигматизација и обесхрабрување се јавува кај децата кои се лишени од слобода и затворени. Овие состојби неминовно доведуваат до далекусежни негативни последици по физичкото и психичкото здравје на детето и неговиот личен развој и живот во заедницата. Ова денеска го истакна народниот правобранител Иџет Мемети на отворањето на вториот […]

Пендаровски: Нема најава дека Бугарија ќе не блокира за преговори со ЕУ


Нема најави од бугарскиот државен врв дека ќе го блокираат доделувањето датум за отпочнување преговори со ЕУ, изјави претседателот Стево Пендаровски, одговорајќи на новинарско прашање на денешната зедничка прес-конференција со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во вила „Водно“. Според него, бугарскиот државен врв на одржаниот состанок во понеделникот најави поставување барања кои би биле врамени како […]

Дводневен состанок за „Специфичните потреби на децата во местата за задржување: состојби и предизвици“


Изразено чувство на страв, изолација, самодискриминација, стигматизација и обесхрабрување се јавува кај децата кои се лишени од слобода и затворени. Овие состојби неминовно доведуваат до далекусежни негативни последици по физичкото и психичкото здравје на детето и неговиот личен развој и живот во заедницата. Ова денеска го истакна народниот правобранител Иџет Мемети на отворањето на вториот […]

Вилата „Водно“ откри: Кој го чува грбот на Пендаровски?


Високите државни почести денеска за претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ во вилата „Водно“ откри кој го чува грбот на македонскиот претседател и воедно врховен командант Стево Пендаровски. Тоа е првата жена-аѓутант во нашата историја на оваа должност, полковник Билјана Блажевска, промовирана на оваа функција на 18 август, на Денот на Армијата. Полковник Блажеска била […]

ПССЕ доцна вечер ќе расправа за извештајот за Северна Македонија


Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) доцна вечер ќе расправа за извештајот за постмониторинг дијалогот со Северна Македонија, поточно за следењето на обврските на земјата како членка на Советот на Европа (од 1995 година), јавува дописникот на МИА од Стразбур. Во заклучоците на извештајот, Мониторинг комисијата на ПССЕ констатира дека „од последниот извештај за пост-мониторинг […]

Масовната екоакција во Аеродром заврши со чистење на училишните дворови


Масовната екоакција што ја почнаа пред две недели Општина Аеродром и ЈП „Комунална хигиена“, денеска финишира со чистење на дворовите на сите основните училишта. Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, заедно со помошник-директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Златко Христовски, и со претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, се вклучија во акцијата во ООУ […]

Делови од искасапен коњ ја запреа работата на Пречистителната станица во Струмица


Делови од искасапен коњ фрлени во канализациската мрежа, ја запреа работата на Пречистителната станица во Струмица, соопшти струмичкото ЈПКД „Комуналец“. Остатоците од коњот, кои биле фрлени во шахта од канализациската мрежа, биле пронајдени на влезната груба решетка на станицата. – Во Пречистителната станица за отпадни води се случи несекојдневна ситуација која ни предизвика огромни проблеми, […]

Брнс: Донираната опрема е чекор кон зајакнување на владеењето на правото


Амбасадата на САД во Скопје донираше техничка опрема за аудио снимање на судските рочишта за 25 судници во Основниот кривичен суд во Скопје. Американската амбасадорка Кејт Мари Брнс, која присуствуваше на судско рочиште на кое беше промовирана аудио опремата, посочи дека ова е важен чекор кон зајакнувањето на владеењето на правото во земјата. – Опремата […]

Ќе се гради нова градинка во Драчево


Министерството за труд и социјална политика објави оглас за избор на градежна компанија за изградба на нова детска градинка во скопската населба Драчево, соопшти денеска прес-службата на Општина Кисела Вода. Општината кон крајот на минатата година изработи основен проект за изградба на нова градинка во Драчево, по што аплицираше и доби грант од Министерството за […]

Хависто: Финска како претседавач со ЕУ очекува одлука за преговори


Сведоци сме колку важни чекори направи вашата Влада кон остварување на целта за пристапување кон Европската унија. Ги следиме сите настани особено во областа на владеење на правото, има отворени случаи и работиме на нив. Проширувањето е важен чекор напред во Европската унија и се надевам дека оваа есен ќе биде донесена одлука со цел […]

Протест за почист воздух во Автокоманда


  Иницијативата „Автокоманда сака да дише” најави предупредувачкиот протест против континуираното загадување на воздухот во Општина Гази Баба. Протестот ќе се одржи утре, на 3 октомври (четврток) со почеток во 18 часот на плоштад “Коцка” (веднаш до Полициската станица). На протестот треба да се придружи и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски. Иницијативата „Автокоманда […]

Судските расправи во Кривичниот суд ќе се снимаат со опрема донирана од САД


Судските расправи во Основниот кривичен суд Скопје од денеска ќе бидат аудио снимани и пишаните записници се заменуваат со тонски кои директно ќе влегуваат во АКМИС системот. Во пракса тоа значи дека досегашната обврска судот да доставува пишани записници ќе биде заменета со издавање на аудио цд-а по завршување на секое од рочиштата. Тоа треба […]

Милион евра за враќање на сјајот на Старата скопска чаршија


Еден милион евра ќе се потрошат за да се врати сјајот на Старата скопска чаршија. Со тие пари треба да се обноват излозите. Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска потпишува Договорот за реализација на Проектот за уредување на излозите и рекламите во Старата скопска чаршија меѓу Министерството за економија и Општина Чаир. Тој посочи дека […]

Милан Јазбец: Северна Македонија заслужува почеток на преговорите сега, денес, во овој момент


Република Северна Македонија, сега, денес во овој момент заслужува почеток на преговорите за членство во ЕУ, изјави денеска во Битола словенечкиот амбасадор во земјава Милан Јазбец. Словенија на претстојниот самит на Европскиот совет ќе даде директна поддршка за почеток на преговорите за зачленување на Северна Македонија во Унијата, а словенечкиот премиер Марјан Шарец тоа ќе […]

Пописот влезе во кривина


Кон крајот на неделата, работните групи на власта и на опозицијата би требало уште еднаш да седнат за да видат дали може да се договорат околу пописот. Статистичката операција најавена за идната пролет и натаму е неизвесна затоа што владејачките партии не сакаат да ризикуваат бојкот од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, а во белиот дворец инсистираат […]

Ахмети до новиот холандски амбасадор: Очекувам датум за Северна Македонија и Албанија


Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети го пречека на работен состанок новиот амбасадор на Холандија во Република Северна Македонија, Дирк Јан Коп, во седиштето на ДУИ во Тетово. Ахмети му честита на новиот Амбасадор за новата функција истакнувајќи дека блиската соработка со Холандија ќе продолжи и во иднина при што му се заблагодари […]

Захариева: Нашиот услов за Скопје отсекогаш е добрососедски односи


Нашата поддршка на евроинтеграцијата на Северна Македонија никогаш не била безусловна – има еден многу јасен услов, а тоа се добрососедските односи, изјави вицепремиерката и шефица на дипломатијата на Бугарија, Екатерина Захариева. – Не постои начин да се стремите да станете член на ЕУ и да имате нерешени билатерални односи. Тоа не е само бугарски […]

Децата со попреченост ќе изучуваат специјална „Build-Up“ програма со „Лего“ коцки


Поттикнување на комуникација, концентрација, логичко размислување, развој на фината моторика, упорност, истрајност, независност, одговорност, стекнување со стратегија како децата сами да дојдат до целта, разбирање на процесите, способност за заедничка работа со врсниците, способност за вклучување во игра со правила, емоционална контрола и вештина за снаоѓање во различни ситуации, се само дел од целите кои […]

Идната недела Градот ќе добие лиценца да ги грее скопјани


Скопскиот градоначалник Петре Шилегов очекува во текот на наредната недела да биде формализирано барањето за добивање лиценца за дистрибуција со топлинска енергија на новото претпријатие АД „Градски енергетски системи“, додавајќи дека ќе се намали цената на овој енергенс. – Одлуките на Советот на Град Скопје и на Акционерското собрание беа изминатиот четврток, се изработуваат, се […]