Фото галерија од Клиниката за дерматологија


Фото: Борис Грданоски

И покрај најавите на министерот Венко Филипче дека ќе се затвори Клиниката за дерматологија, бидејќи кај директорката е дијагностициран корона вирусот, нашиот фоторепортер направи обиколка и забележа дека таму се уште има пациенти и се влегува слободно.

–Целокупниот медицински персонал од оваа клиника согласно фреквенцијата и должината на контактот треба да бидат испратени на домашна самоизолација, како и пациентите кои се хоспитализирани.

Сите други прегледи во периодот кој следи ќе бидат насочени кон другите јавно здравствени институции каде има вакви специјалисти, најави денес на прес конференција министерот Филипче. Од фотографиите се гледа дека клиниката и по прес конференцијата функционираше.