Неколку лекарки од Штип во домашна изолација


Фото: Б. Грданоски

Неколку лекари специјалисти од штипското кожно одделение се во домашна изолација, откако биле во контакт со директорката на Клиниката за кожни болести, за која тестовите покажаа дека е позитивна на корона вирус.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова за МИА вели дека лекарките од штипското кожно одделение се во домашна изолација. Епидемиолозите во разговорите и анкетата утврдуваат со колку луѓе лекарките имале контакт.

Екипа од Центарот за јавно здравје –Штип  на кожното одделение прават целосна дезинфекција. Директорот на Клиничка болница-Штип, Алем Ѓеорѓијев вели дека подетални информации и за преземените мерки ќе даде попладнево Министерот за здравство, Венко Филипче.