Снег во Берово и Ѓуриште, најстудено во Маврово и Лазарополе


Синоптичарите за денеска најавуваат облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Попладне врнежите ќе престануваат, но ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе засилува.

Според временската прогноза, од рано утринава во 4 часот снег има во Берово и Ѓуриште, а во Крива Паланка врнежите се од дожд и снег.

До седум часот најмногу дожд има наврнато во Берово – 22 литри на метар квадратен, а најстудено е во Маврово и Лазарополе каде се измерени -2 степена.

Максималната температура за денеска ќе се движи во интервал од 4 до 12 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време со слаб до умерен северен ветер. Претпладне ќе има услови за краткотраен дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне до девет степени.