СДСМ ги утврди носителите на изборните листи


СДСМ ги објави носителите на листите и кандидатите за пратеници на претстојните предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април.Така во ИЕ 1, ќе бидат Никола Димитров и Мила Царовска. Во ИЕ 2, Оливер Спасовски влегува заедно со Сања Лукаревска. Во ИЕ 3, носител ќе биде Љупчо Николовски заедно со Јагода Шахпаска, а во 4 ИЕ носител е претседателот на владејачката партија СДСМ – Зоран Заев заедно со Соња Мираковска. Во ИЕ 5 ќе бидат Радмила Шеќеринска и Јован Митревски, а во ИЕ 6, се Билал Касами и Фаница Николовска.

Дамјан Манчевски е трет на листата на СДСМ во ИЕ 1, а на листата се најдоа и Мери Георгиевска, Даниела Николова и Дарко Каевски.Мухамед Зекири се најде трет на листата во ИЕ 2, па Славјанка Петровска и Санела Шкријељ. Во третата изборна единица на листата е Сашо Николов, Ненад Коциќ, Марија Ангелова, Зекир Рамчиловиќ, Емилија Рамбабова.

Во ИЕ 4, на листата избрани се Миле Талески, Даниела Колева, Панчо Минов и Лолита Роистова. Во ИЕ 5 на листата се Бисера Костадинова, Лазе Танески, Един Јакуповиќ. Изборната единица 6 е наменета за коалиционите партнери.