Мицкоски нема да излезе на изборите


Фото: Б. Грданоски

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седница на Централниот комитет ги утврди носителите на изборните листи за изборите на 12 април и одлучи лидерот на партијата Христијан Мицкоски да не биде дел од кандидатите кои ќе излезат на проверка пред гласачите. Мицкоски уште порано најавуваше дека тој сака да биде само кандидат за премиер, но не и за пратеник.

Според одлуката, носител на листата во Првата изборна единица ќе биде професорката Гордана Силјановска-Давкова, претседателски кандидат на ланските избори за шеф на државата. Листата во „двојката“ ќе ја предводи потпретседателот на партијата Владо Мисајловски. На чело на листата во Третата изборна единица ќе биде генералниот секретар на партијата Владо Мисајловски, во „четворката“, другиот потпретседател на партијата, Александар Николоски. ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица успех ќе бара преку оперскиот пејач Игор Дурловски, кој беше еден од организаторите на протестите пред Собранието пред да се случат крвавите настани на 27 април. Во шестата изборна единица прва на листата ќе биде пратеничката Дафина Стојановска.