Седница на Влада без дневен ред, утре лидерска за Ковид-19


Фото: Б. Грданоски

Владата денеска со почеток во 14часот, ќе одржи седница, соопштија од владината Прес-служба.

Не се соопштуваат детали за точките од дневниот ред, а за заклучоците од седницата ќе информираат со соопштение веднаш штом таа ќе биде завршена.

Владата на вчера одржана седница донесе заострени мерки за состојбата со коронавирусот, а премиерот Оливер Спасовски за утре во 13 часот закажа координација на претставници на политичките партии во врска со нивната реализација за справување со Ковид-19.