Мицкоски ќе бара лидерска средба за да се одложат изборите


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе свика денес лидерска средба на која би се донела одлука за одлагање на изборите. Според него, сите препораки на релевантните домашни и светски организации се дека најдобар одговор за справување со вирусот е одбегнување на активности. – Јас во овие моменти го одбирам, без трошка колебање интересот на државата …

Мицкоски ќе бара лидерска средба за да се одложат изборите Read More »

Излечена првата пациентка од корона вирус во Македонија, денеска си оди дома


Министерството за здравство информира дека првата пациентка со коронавирус во земјава денеска заминува на домашно лекување. Таа била по вторпат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација. Првиот случај на коронавирус во земјава беше потврден на 26 февруари. Заболената со комбе се вратила од Италија со симптоми на грип. …

Излечена првата пациентка од корона вирус во Македонија, денеска си оди дома Read More »

МОН препорача бесплатни дигитални платформи, апликации за учење во изолација


Министерството за образование и наука објави листа на бесплатни и слободни за користење дигитални платформи, апликации и содржини што може да бидат корисни за едукација на младите поради мерката за привремен прекин на воспитно-образовниот процес во државата. -Основците и средношколците не одат на училиште, не посетуваат настава. Помалите од нив не посетуваат градинка. Но, тоа …

МОН препорача бесплатни дигитални платформи, апликации за учење во изолација Read More »

РСБСП: Да не се користи ситуацијата со корона вирусот за дивеење по улиците


Голем број сообраќајни незгоди, повредени и загинати лица бележи статистиката деновиве, иако е намален интензитетот и на моторизираниот и на немоторизираниот сообраќај поради мерките за заштита од корона вирусот, информира Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата (РСБСП) и апелира на одговорно учество во сообраќајот. Според РСБСП, да се користи ситуацијата за да се …

РСБСП: Да не се користи ситуацијата со корона вирусот за дивеење по улиците Read More »

Утре без струја делови од Аеродром и Ѓорче Петров


Поради закажани технички зафати утре без електрична енергија ќе останат делови од општината Аеродром и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК. Во период од 9 – 15 часот без струја ќе бидат дел од потрошувачите од булеварите „Видое Смилевски Бато“ и „АСНОМ“ во општина Аеродром, како и дел од село Волково, објектите кај црквата на пат кон …

Утре без струја делови од Аеродром и Ѓорче Петров Read More »

Спасовски: Граѓаните заглавени во меѓуграничните зони тргнаа кон земјава


Премиерот Оливер Спасовски информира дека сите наши државјани кои беа оставени во меѓуграничната зона меѓу Хрватска и Србија и меѓу Унгарија и Србија се тргнати со конвој кон земјава. – Сакам да информирам дека нашите граѓани коишто беа останати во меѓуграничната зона помеѓу Хрватска и Србија како и помеѓу Унгарија и Србија безбедно тргнаа во …

Спасовски: Граѓаните заглавени во меѓуграничните зони тргнаа кон земјава Read More »

Филипче: Дали ќе се прогласи вонредна или кризна состојба е небитно, важно е да се спроведуваат мерките


Нема промена во бројот на заболени од коронавирусот. Состојбата на заболените е непроменета. Дали ќе се прогласи вонредна или кризна состојба е небитно. Важно е да се имплементираат мерките кои во даден момент треба да се спроведат. Нашиот пристап е поостар и понавремен, изјави министерот за здравство Венко Филипче за „Утрински брифинг“на „Слободна ТВ“. –  …

Филипче: Дали ќе се прогласи вонредна или кризна состојба е небитно, важно е да се спроведуваат мерките Read More »

Затворени моловите, кафетериите, обложувалниците – апел до младите да останат дома


Нема нови случаи на заболени од коронавирус во земјава. Резултатите на седумте лица кои вчера беа тестиранин се негативни. Тринаесетте пациенти кои се сместени на Клиниката за инфективни болести се во стабилна состојба. Пациентката од Дебар која е на респираторна машина има значајно подобрување на параметрите по приклучувањето на механичката вентилација, но со сѐ уште …

Затворени моловите, кафетериите, обложувалниците – апел до младите да останат дома Read More »

Седница на Советот за национална безбедност за состојбата со коронавирусот


Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска попладне ќе се одржи седница на Советот за национална безбедност на која ќе се разговара за состојбата со коронавирусот во земјава. На седницата ќе присуствуваат и министерот за здравство и началникот на ГШ на Армијата. Претседателот Пендаровски на прес-конференција во петокот најави дека ќе бидат разгледувани евентуалните опции …

Седница на Советот за национална безбедност за состојбата со коронавирусот Read More »

Затворени седум локали кои не ја почитувале мерката на Владата


Секторот за внатрешни работи Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат вчера попладне затвориле седум локали во северниот дел на Скопје кои не ја почитувале одлуката на Владата. – Локалите ќе бидат затворени до завршување на мерката која е донесена од страна на Владата на РСМ, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Сообраќајот по влажни коловози, слаб снег на Стража


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаб снег провејува на Стража, кој не се задржува на коловозот, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија. Согласно одлуката на Влада поради коронавирусот, затворени се граничните премини Џепиште-Требиште и Блато и сите возила и патници се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за …

Сообраќајот по влажни коловози, слаб снег на Стража Read More »

Децата со температура да се носат во болницата „Козле“


Клиниката за детски болести ги известува сите родители и матични лекари кои ќе имаат итна потреба децата со температура да ги донесат во болница, тоа да го сторат во Институтот за белодробни заболувања „Козле“. Исто така, ако има деца кои живеат во регионот кој сега е ставен под режим за движење (Дебарско), за преглед да …

Децата со температура да се носат во болницата „Козле“ Read More »

Превозниците ја поминаа италијанско-словенечката граница


Шефот на дипломатијата Никола Димитров вечерва преку Фејсбук статус информираше дека голем дел од македонските превозници ја поминале италијанско-словенечката граница. „Долг ден ама вредеше. Голем дел од македонските превозници ја поминаа италијанско-словенечката граница, со обезбедена траса преку Хрватска и Србија, напиша Димитров. „Граѓаните што денот го поминаа на Бајаково/Батровци на хрватската страна, влегуваат во Србија. …

Превозниците ја поминаа италијанско-словенечката граница Read More »

Резултатите на седуммината кои денес се тестираа се негативни


Резултатите на седумте пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Пациентите кои денеска се тестираа се од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигнал преку ЦЈЗ Штип. – Тестот на пациентот од Кочани е негативен, но заради типичните симптоми на …

Резултатите на седуммината кои денес се тестираа се негативни Read More »

Нема нови заболени од корона вирус


Министерството за здравство вечерва информира дека и вториот, повторен тест на лицето од Кочани, чиј брис пристигна преку Центарот за јавно здравје Штип е негативен на корона вирусот. И првиот тест на пациентот од Кочани беше негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, тестирањето беше повторено. Со тоа сите седум лица тестирани денеска се негативни …

Нема нови заболени од корона вирус Read More »

МТСП: Пунктовите за бездомни лица функционираат, се делат и заштитни маски и средства за дезинфекција за бездомниците


Четирите прифатни пунктови за бездомни лица, отворени во соработка со Црвен крст, се функционални и согласно препораките на Владата делат пакувана храна, маски и гелови за дезинфекција за бездомните лица, информира Министерството за труд и социјална политика. Во функција се прифатните пунктови во Скопје, Битола, Струмица и Струга. Дополнително, соопштуваат од Министерството, во Скопје функционира …

МТСП: Пунктовите за бездомни лица функционираат, се делат и заштитни маски и средства за дезинфекција за бездомниците Read More »

Димитров телефонски разговараше со словенечкиот колега Логар за решавање на проблемот на македонските превозници


На барање на македонска страна, шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска разговараше со министерот за надворешни работи на Република Словенија, Анже Логар, соопшти МНР. Честитајќи му ја новата функција, Димитров му го претстави проблемот со кој се соочуваат македонските превозници поради застојот на италијанско-словенечката граница и потребата за што побрзо негово решавање. Двајцата министри се …

Димитров телефонски разговараше со словенечкиот колега Логар за решавање на проблемот на македонските превозници Read More »

МНР испрати нота до словенечко и хрватско МНР за нови конвои


Министерството за надворешни работи информира дека преку дипломатско-конзуларните претставништва во Љубљана и Загреб, се обидува да обезбеди што поскоро транзитирање преку словенечка и хрватска територија и безбедно враќање дома на сите наши превозници. „Испративме и нота до словенечкото и хрватското МНР, со барање за што поскоро вклучување на македонските превозници (лесни возила, комбиња, автобуси и …

МНР испрати нота до словенечко и хрватско МНР за нови конвои Read More »

Детската болница во Козле се подготвува за евентуално заболени деца од Ковид 19


Детската болница во Козле целосно ќе се подготви да прими деца евентуално заболени од корона вирусот, информира денес на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој појасни дека сите сега хоспитализирани мали пациенти во овааа болница во текот на денешниот ден и утре ќе бидат префрлени на лекување на Клиниката за детски болести во …

Детската болница во Козле се подготвува за евентуално заболени деца од Ковид 19 Read More »