Спасовски: Граѓаните заглавени во меѓуграничните зони тргнаа кон земјава


Премиерот Оливер Спасовски информира дека сите наши државјани кои беа оставени во меѓуграничната зона меѓу Хрватска и Србија и меѓу Унгарија и Србија се тргнати со конвој кон земјава.

– Сакам да информирам дека нашите граѓани коишто беа останати во меѓуграничната зона помеѓу Хрватска и Србија како и помеѓу Унгарија и Србија безбедно тргнаа во конвој кон С. Македонија!Се за граѓаните!, напиша Спасовски на својот Фејсбук профил.